Првиот состанок им бил катастрофален: Љубовната приказна на Хрватот Бејби Лазања и саканата Елизабета

„Елизабета мислела дека состанокот бил ужасен, а мене ми беше совршено. Кога се разделивме, тргнав накај Умаг, мојот роден град, па ѝ испратив порака: 'Кога ќе излеземе пак'?,“ раскажува Бејби Лазања, хрватскиот претставник на Евровизија 2024, кој според многумина ќе победи.

se-zapoznale-preku-instagram-prviot-sostanok-im-bil-katastrofalen-ljubovnata-prikazna-na-bejbi-lazanja-i-sakanata-elizabeta-01.jpg

Еден од најголемите фаворити за победа на Евросонг во Малме (покрај Италија, Украина и Швајцарија) е хрватскиот претставник Марко Пуришиќ, познат како Бејби Лазања.

Од победата на „Дора“ (хрватскиот фестивал на кој се избира евровизискиот претставник), каде што влезе како резерва - па до полуфиналето, во кое што ја крена на нозе цела сала, овој музичар е постојано во центарот на вниманието на јавноста.

За хрватските медиуми тој вели дека овие недели, колку што е во Шведска, му се нереални, како да живее нечиј туѓ живот.

Фановите наоѓаат начин да стигнат до него и да се фотографираат, и покрај обезбедувањето што го имаат сите учесници, а новинарите освен за музиката, често го прашуваат и за приватниот живот и за неговата свршеница Елизабета Ружиќ.

Тие неодамна ја раскажаа нивната љубовна приказна, која, барем за Ружица, почнала со катастрофално лош прв состанок.

Како почнала љубовта на Марко и Елизабета?

Се запознале пред повеќе од три години, преку Инстаграм. Тој свирел во бенд, а Елизабета прва го заследила.

„Го видов на фотките од бендот и си реков: ‘Види колку згоден тип’. Па решив да го заследам. Тој ме заследи назад и ми пиша. Нашата љубов е типична љубовна приказна од 21-иот век“, рекла Елизабета.

Брзо потоа излегле на прв состанок. Но, според неа, состанокот бил толку лош, што таа не верувала дека повторно ќе ја побара.

Кога стигнала дома ја пуштила својата плејлиста за раскинување, затоа што мислела дека двајцата си поминале грозно.

„Таа мислела дека ни било ужасно, а мене ми беше совршено. По состанокот се враќав накај Умаг, мојот роден град, и не бев ни стигнат кога ѝ испратив порака: Кога ќе излеземе пак?,“ раскажал Бејби Лазања.

Пред тој да ѝ ја прати пораката, Елизабета веќе ѝ напишала на својата најдобра другарка дека била на најлошиот состанок и дека типот веќе никогаш нема да ѝ се јави.

„Другарка ми се нервираше, ме праша како сум успеала да го ‘зезнам’ состанокот, но брзо потоа ѝ кажав дека сепак ќе се видиме пак“, додала Елизабета.

Тие се заедно три години и веќе се подготвуваат за свадба. Елизабета го следи Марко на сите негови настапи, од првиот ден е со него во Шведска, а му помогнала и околу стајлингот за сценскиот настап на Евросонг.

„Верувам во нејзиниот музички вкус. Таа завршила училиште за пијано, па на некој начин е музичарка. Му верувам и на нејзиниот вкус, па таа ги преслушува прва сите мои песни.

Тоа што го имате слушнато досега се песни на коишто таа им рекла ‘да’. Моето машко его често е спремно да се кара со неа и да не попушти, но, се покажа дека сепак се исплати“, рекол хрватскиот музичар.

Тој признал и дека сака мачки поради својата свршеница, бидејќи кога се запознале, таа чувала мачка која многу сакала да се гали.

Љубовта кон мачките е толкава, што тој ги има спомнато и во текстот на евровизиската песна, а тие му се и заштитен знак, па продава гардероба и аксесоари на кои има ликови од мачки.

Прочитајте и Влезе како резерва и победи: Кој е Бејби Лазања, хрватскиот претставник на Евросонг?

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Се запознале кога имала само 16 години: Која е сопругата на Ален Исламовиќ? „Порано Марјана знаеше да доаѓа со мене на турнеите. Патувавме заедно и лудо се ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
„Не постои противотров за него“ – Турист во Грција почина откако беше каснат од кафеав пајак Местото каде што ве каснал кафеав пајак најчесто наликува на место зафатено со г...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Влезе како резерва и победи: Кој е Бејби Лазања, хрватскиот претставник на Евросонг? Победникот на хрватскиот натпревар за Евросонг, Бејби Лазања, преку ноќ ја освои...
Српски пејачи кои биле уапсени (и завршиле во притвор) Теа Таировиќ била фатена со непријавени пари, Раста со дрога, а Бора Чорба обива...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg