Емотивна средба со семејството среде пат, Велигден ќе слават во Македонија - Што знаеме за подвигот на Никола Роквиќ?
Бојана објави и видео од моментот кога децата го гледаат првпат татко им по неколку дена.
„Денес го посетивме тато на кратко и за една недела го чекаме за заедно да го прославиме најрадосниот празник“, напиша таа.
Пред и Бојана да тргне кон Грција, гостуваше во емисија на ТВ Блиц, па откри дека за Велигден, всушност, семејството ќе се собере во Македонија.
„Според нашите пресметки, за Велигден тој ќе биде некаде во Македонија. Ние ќе одиме во Грција и оттаму ќе се вратиме во Македонија за да се најдеме со него, а ако е сè како што планираме, ќе поминеме два дена заедно“, рече Бојана.
Пејачот го бележи секој чекор од своето патување, често се јавува во живо додека се движи низ Србија, запознава луѓе, се забавува, пее со нив, а постојано објавува и до каде се со донациите, па во моментов таа бројка изнесува над 6.000.000 динари, или скоро 51.000 евра.
Скоро сите свои обраќања преку Инстаграм, Никола ги чува во делот Hihglights, па сите што пропуштиле нешто од неговото патување, може да го видат таму.
А. Ј. | Црнобело