Градот го заменија со село - познати личности од Балканот кои се занимаваат со земјоделство и сточарство
- Детали
- недела, 12 мај 2024
Поранешниот пејач на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ, одгледува лешници, актерот Бранко Јанковиќ чува кози, а Ненад Јездиќ произведува ракија.
Многу од познатите личности од регионов метежот и вревата во градот ги заменија со многу помирен живот на село. Имаат овоштарници, чуваат домашни животни, а самите си садат и зеленчук.
Некои од нив сами ги купиле нивите, некои ги наследиле, но сите имаат интересна и единствена приказна.
Александар Радојичиќ
Српскиот актер кого го гледавме во Montevideo, Bog te video и Vojna Akademija започна бизнис со одгледување акаи бобинки.
„Иако претприемништвото не е безбедно, мислам дека е добро да се има опција Б, како и опција В во животот. Не знам дали ќе имам среќа цел живот да се занимавам со глума и да живеам од тоа“, изјавил Радојичиќ за српскиот портал Bizlife, запрашан за неговиот земјоделски бизнис.
Ален Исламовиќ
Во време на пандемијата со коронавирусот, кога пејачите немаа настапи и концерти, некогашниот член на „Бијело дугме“, Ален Исламовиќ, целосно се посвети на одгледувањето лешници.
Со овој бизнис почнал да се занимава уште од 2016 година, а денес поседува околу 2.000 стебла.
Како што изјави во една пригода за Blic, неговата плантажа е една од водечките во Босна и Херцеговина.
На неговиот Истаграм профил може да се види колку Ален ужива во тоа што го прави.
Ненад Јездиќ
Еден од најпопуларните српски актери, Ненад Јездиќ, се врати во родното село Забрдица, во близина на Ваљево, каде што произведува ракија од плодовите добиени од овоштарникот на својот имот.
„Не ми е тешко да бидам селанец, не мора да се трудам многу. Не се плашам од напорна работа. Селото според мене е идеален свет. Но, во последно време избегнувам да се вбројувам и да се рамнам со вистинските селани, не сум достоен за тоа“, изјави актерот за Blic.