Градот го заменија со село - познати личности од Балканот кои се занимаваат со земјоделство и сточарство
Ивана Михиќ
Актерката која ја гледавме во Varljivo leto, Srećni ljudi и Ivkova slava веќе неколку години целосно е посветена на одгледувањето органско овошје и зеленчук.
„Квалитетот на почвата на нашата парцела е од петта категорија, што е лоша почетна позиција за одгледување зеленчук. Има глина, па тешко е да се копа и плеви. И покрај овие пречки, успеваме да израснеме неколку култури“, откри Ивана преку својот Инстаграм.
Дарко Рундек
Хрватскиот музичар Дарко Рундек покрена свој бизнис откако се пресели во Франција.
„Сега сум во покраината Севен, подрачје над Прованса. Во близина има голем национален парк. Учествувам во животот на една колективна фарма, која освен леб, произведува зимница и пиво. Сѐ тука е органско“, изјавил Рундек во интервју за Avaz.
Бранко Јанковиќ
Актерот Бранко Јанковиќ се прослави со улогата во серијата Vojna akademija.
Toj, заедно со сопругата и трите деца одлучил да се пресели во местото Гуњаци, кое се наоѓа на патот за Бања Лука, a e местото од каде што потекнува.
Денес таму има фарма за кози и се занимава со земјоделство.
Активен е на Инстаграм, каде редовно споделува видеа и фотографии од животот на село и од млечните производи кои ги прави.
С. Ш. | Црнобело