Цел свет гледаше во Јелена Ѓоковиќ – Сопругата на Ноле измами воздишки во фустан со џебови од српска дизајнерка

Јелена Ѓоковиќ, која во минатото често беше мета на критики заради несоодветниот стајлинг, сега заблеска на црвениот тепих со нејзиниот сопруг Новак. Како Србинката успеа да го привлече вниманието на сите?

cel-svet-gledashe-vo-jelena-gjokovikj-soprugata-na-nole-izmami-vozdishki-vo-fustan-so-djebovi-od-srpska-dizajnerka-01.jpg

Во понеделникот (22.04) во Мадрид се доделуваа наградите Laureus каде Новак Ѓоковиќ по петти пат беше избран за спортист на годината.

cel-svet-gledashe-vo-jelena-gjokovikj-soprugata-na-nole-izmami-vozdishki-vo-fustan-so-djebovi-od-srpska-dizajnerka-06.jpg

На црвениот тепих Ноле се појави придружуван од сопругата Јелена, која измами воздишки со едноставниот, но елегантен стајлинг во кој се појави.

Тенисерот за оваа пригода избра да носи костум од луксузниот италијански бренд Brunello Cucinelli, додека Јелена избра креација од српската дизајнерка Драгана Огњеновиќ.

Парот беше модно усолгласен во црна комбинација, а сите погледи беа вперени во едноставниот, но елегантен фустан на Јелена, кој според српските медиуми се продава по цена од околу 500 евра.

cel-svet-gledashe-vo-jelena-gjokovikj-soprugata-na-nole-izmami-vozdishki-vo-fustan-so-djebovi-od-srpska-dizajnerka-03.jpg

Целиот изглед Јелена го надополни со луксузен накит од брендот Cartier.

cel-svet-gledashe-vo-jelena-gjokovikj-soprugata-na-nole-izmami-vozdishki-vo-fustan-so-djebovi-od-srpska-dizajnerka-07.jpg

Ноле ја имаше честа наградата да му биде врачена од рагбистот Том Брејди.

„Наградите Laureus се многу значајни затоа што тие претставуваат признание од страна на 69-те светски најпознати спортисти кои се дел од Laureus World Sports Academy.

Да се добијат гласовите од моите спортски херои е она што ги прави овие награди толку посакувани во светот на спортот“ – рече Ноле.

Со оваа награда, Ноле успеа да се изедначи со Роџер Федерер во поглед на освоените награди за спортист на годината.

cel-svet-gledashe-vo-jelena-gjokovikj-soprugata-na-nole-izmami-vozdishki-vo-fustan-so-djebovi-od-srpska-dizajnerka-05.jpg

Овој пат Јелена успеа да го украде вниманието на сите, но за потсетување, таа во минатото често беше критикувана заради изгледот и стајлингот со кој се појавуваше на важните настани покрај нејзиниот сопруг.

Така, откако нејзиниот сопруг го освои турнирот Вимблдон 2022, таа беше мета на критики заради несредениот изглед.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша по разводот: „Имам милион проблеми, но стилот не е на тој список“ „Село гори, баба се чешла, јас имам милион проблеми, но стилот не е на тој списо...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Јелена ќе ја добие вилата со гардеробер од 250m2, а Душко становите – Детали за разводот на Карлеуша... Во луксузната вила сега живеат само куќните помошнички и кучињата на Јелена Карл...
Србинка си дојде на „мекиците“ за своето новороденче и стана мета на критики (видео) На само 5 дена по породувањето, сопругата на српскиот голман Предраг Рајковиќ се...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...
Од мета на потсмев заради облеката, до домаќинка на модно шоу на Vogue – Јелена Ѓоковиќ во друштво н... Пред две години постојано беше мета на потсмев, па стана и хит меме на Твитер за...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg