Девојките го одбегнувале затоа што бил славен, од војната побегнал само со пластична ќеса - Факти за Саша Лошиќ од „Плави оркестар“
- Детали
- недела, 24 март 2024
Долго чекал да ја запознае вистинската личност за него, а кога ја сретнал се вљубил на прв поглед. По огромната слава во Југославија, морал да бега од војната и да бара засолниште во Словенија – Што знаеме за Саша Лошиќ – Лоша, фронтменот на „Плави оркестар“.
„Плави оркестар“ беше еден од најпопуларните бендови во поранешна Југославија, а биографијата на фронтменот на бендот Саша Лошиќ е долга и импресивна.
Годинава ќе наполни 60 години, а денес живее во Австрија со својата партнерка Шпела Можина.
Саша Лошиќ, попознат како Лоша важи за човек кој ретко зборува за својот приватен живот, но сепак во неколку наврати дал опширни интервјуа, каде се опфатени повеќе податоци за неговиот живот и кариера.
Саша е роден во 1964-та година во Бања Лука, каде неговиот татко Доброта работел како новинар, а мајка му била библиотекарка.
По катастрофалниот земјотрес во Бања Лука во 1968-ма година семејството морало да се пресели во Сарајево, каде татко му бил еден од основачите на ТВ Сарајево, а мајка му работела во библиотека.
Љубовта за музиката кај Саша се родила благодарение на неговата мајка, која свирела на гитара, а со оглед на тоа што татко му бил презентер на вести, Саша не бил премногу фасциниран со животот на јавна личност.
„Родителите секогаш ми зборуваа да бидам добар човек, за да ми се врати добро, а иако сум единец, не бев разгален. Честопати многу работи ги правев на своја штета, подарував гитари на другарите што не можеа да си ги дозволат“ – раскажува Саша.
Саша го формирал првиот бенд уште во основно образование и во една пригода рече дека заради тоа попуштил во училиштето и морал да оди на поправен испит.
Откри дека добил единица и по физичко, затоа што постојано бегале од часови, па професорот, за да му ја поправи оцената, го натерал да копа канали за канализација во училиштето каде што учел.