Девојките го одбегнувале затоа што бил славен, од војната побегнал само со пластична ќеса - Факти за Саша Лошиќ од „Плави оркестар“
Животот под рефлектори нагло бил прекинат во 1991-ва година, кога неговото родно Сарајево ќе биде разорено од граѓанската војна во Босна и Херцеговина. Бендот кој дотогаш имал издадено 8 албуми и имал голем број концерти, одеднаш морал да престане со работа.
„Тешко ја доживеав војната и самото заминување од Сарајево затоа што се подготвував за некој поинаков животен пат.
Сакав да засновам семејство, да имам мирен живот и кариера што полека ќе се затемнува. Сакав да се преселам на Хвар и полека да остарам покрај Јадранското Море, но животот нѐ катапултира од тогашните орбити“ – раскажува тој.
Бегајќи од хоророт на војната, Саша заминал во Љубљана со една обична ќеса во која имало чевли, неколку книги и еден несесер. Таму се сместил кај пријатели, а потоа дошол уште еден пријател со семејството.
Во овој период, за да опстане, Саша работел со маркетинг, реклами и дизајн, а токму тука ќе ја запознае и својата најголема љубов, Словенката Шпела Можина.
„Седев во едно кафуле на периферијата на Љубљана покрај една галерија, се чувствував како да ми потонале сите лаѓи и немав ниту скршена пара во џебот.
Покрај мене помина девојка и си помислив: ‘Е, немам јас таква среќа пак да ja видам, таквите брзо ги снемува во градот’.
Таа се сврте, а јас имав толку резигниран поглед што таа веројатно сакаше да ме утеши со насмевка. Ми се намсевна и продолжи по својот пат, а мене тоа ми го поправи денот“...
Саша ни самиот не верувал дека успеал повторно да ја види Шпела шест месеци подоцна во еден клуб во Љубљана, по што одлучил дека мора да ѝ пријде.
„Важно е жената да не избега од тебе кога си во лоша фаза во животот и тогаш сфаќаш дали таа е вистинската личност за цел живот“ – изјави тој.
фото: Avaz.ba
Шпела, која се занимава со дипломатија, во еден период била префрлена во Сарајево, а потоа и во Виена, а Саша, секогаш и секаде ја следи љубовта на својот живот.
Инаку, „Плави оркестар“ повторно се обедини во 1998-ма година, и објавија уште неколку албуми, а со настапи и концерти престанаа во периодот пред избувнувањето на короната.
Б. С. Б. | Црнобело