Николија во градник и проѕирно здолниште го промовира новиот албум: „На ќерките не им ја пуштам мојата музика“

„Не ги критикувам родителите што ги пуштаат нашите песни пред децата, но тоа не е музика за деца“ – рече пејачката Николија Јовановиќ на промоцијата на нејзиниот најнов албум, на која се појави во смело издание со црн градник и проѕирно здолниште заедно со партнерот Реља.

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-01.jpg

Српската пејачка Николија Јовановиќ, која е ќерка на фолк пејачката Весна Змијанац и партнерка на Реља Поповиќ, синоќа (18.03) го промовираше својот нов албум, насловен „Лавина“.

Нејзиниот партнер Реља ѝ беше најголема поддршка во текот на вечерта и гордо позираше со неа.

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-02.jpg

Голем број нивни пријатели и музичари од т.н. нов музички бран се собраа на промоцијата на албумот, а Николија даде и кратка изјава за медиумите.

Таа рече дека на последниот албум работела околу 1 година, а во последните 7 месеци поинтензивно.

„Јас велам дека работам како драгстор, дење и ноќе. Имав над 50 соработници, дадовме сѐ од себе и работевме со многу љубов, мислам дека затоа резултатите се вакви.

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-07.jpgфото: Јутуб - принтскрин

Реља ми беше најголема поддршка во овој процес. Кога ќе се стемни и ќе си дојдам дома, тој секогаш ме слуша за сите мои страсти, стравови, возбудувања... Јас сум перфекционист, а тоа е една од моите маани“ – рече Николија.

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-03.jpg

Таа вели дека на албумот нема дует со сопругот затоа што тогаш албумот би излегол следната година и дека процесот кога тие прават дует е многу комплициран.

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-05.jpg

Николија се пофали дека мајка ѝ Весна е горда на албумот, а многумина ги изненади нејзиниот одговор за тоа дали нејзините две ќерки ги слушнале новите песни на мајка им.

„Не. Тие ја слушнаа песната ‘Лавина’ и го видоа спотот, но генерално јас на ќерките не им ја пуштам нашата музика, затоа што тоа не е музика за деца. Има тешки зборови и сметам дека тоа не се песни што децата треба да ги слушаат.

Не ги критикувам родителите што ги пуштаат моите песни, тоа е во ред, личен избор, само јас на моите ќерки не им пуштам таква музика“ – изјави Николија.

Инаку на промоцијата се појавија голем број познати српски музичари, меѓу кои и српската претставничка на Евровизија Теја Дора, како и Едита Арадановиќ, која никој не ја препозна затоа што на настанот дошла директно од базен и со виткана коса.

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-08.jpg

Погледнете уште неколку фотографии од Николија во продолжение:

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-04.jpg

nikolija-vo-gradnik-i-prodzirno-zdolnishte-go-promovira-noviot-album-na-kjerkite-ne-im-ja-pushtam-mojata-muzika-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg