Марија Микиќ за мајчинството: „Се срамев од спонтаните абортуси, бев во депресија зашто не можев да дојам“

„Престани со депресијата, твоето дете ќе има сѐ, не си ни прва, ниту последна. Само среќната мајка е добра мајка“ – ова е советот што српската пејачка Марија Микиќ го добила од докторката откако паднала во депресија затоа што не може да го дои синот.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-01.jpg

Двапати беше бремена во 1 година и сега има две деца, но српската пејачка Марија Микиќ вели дека нејзиниот пат до мајчинството воопшто не бил лесен.

Таа гостуваше во емисијата РТС ординација, каде отворено зборуваше на повеќе теми поврзани со нејзиниот пат до потомство.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-02.jpg

Таа во гостување во емисија отворено призна дека пред да ги добие ќерката Ѓурѓа и синот Мили, имала 3 спонтани абортуси за кои не се знаела причината.

„Во еден миг другарката ме праша зошто не направам тест за тромбофилија. Поентата е тоа што кислородот не може да дојде до плодот и бременоста се завршува прерано. Кога дознав за клучот на проблемот, веднаш почнав со терапија и успеавме да ја добиеме Ѓурѓа“ – раскажува Марија.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-03.jpg

Таа раскажува дека ѝ било потребно долго време отворено да зборува за спонтаните абортуси и дека се чувствувала засрамено.

„Ми беше срам, не знам зошто, но не сум виновна за тоа. Луѓето се отвораат за некој свој проблем само откако ќе се препознаат себеси во некого. Кога дознав за тромбофилијата, една другарка ми рече: ‘колку си ти себична, толку девојки те следат, а ти не сакаш да зборуваш за тоа’,

Ми беше чудно да зборувам за својата интима, но таа беше во право, ги решивме проблемите на голем број луѓе“ – открива во својата изјава.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-04.jpg

Инаку, само 40 дена по раѓањето на ќерката Ѓурѓа, Марија пак остана бремена со синот Мили.

Таа вели дека терапиите во двете бремености биле различни. За време на првата бременост ѝ давале инјекции, додека за време на втората примала само суплементи.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-05.jpg

Марија се осврна и на големиот број негативни и навредливи коментари кои следуваа откако се дозна дека по само 40 дена од раѓањето успеала да забремени вторпат.

„Кога излегуваа тие коментари, само ме интересираше колку треба да бидеш несреќен за некому да му го напишеш тоа, посебно на жена што е бремена.

Тие не знаат колкупати јас сум седела и сум плачела, па воопшто не ме навредуваше тоа што некој нема попаметна работа од тоа да седи и да пишува негативни коментари“ – рече таа.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-09.jpg

За крај Марија појасни дека проблемите со лактацијата кај неа предизвикале мала депресија и дека се чувствувала ужасно.

„Не можев да му го дадам на детето тоа што е најздраво за него. Потоа докторката ми рече: ‘Престани со депресијата, твоето дете ќе има сѐ, не си ни прва, ниту последна. Само среќната мајка е добра мајка’“ – раскажа Марија.

marija-mikikj-za-majchinstvoto-se-sramev-od-spontanite-abortusi-bev-vo-depresija-zashto-ne-mozhev-da-dojam-06.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Први фотки од синчето на Марија Шерифовиќ – го држи во прегратка и го шета на плажа Во костим за капење и маица, Марија Шерифовиќ го прегрнува и нишка своето синче ...
Бејби бум: 6 познати жени кај нас и во регионот кои ќе станат мајки во 2024 Сања Кужет, Тамара Чуприна, Хана Хуљиќ ќе станат мајки до крајот на оваа година....
Марија Шерифовиќ покажа како изгледал патот со синот од САД до дома: „Најстресното искуство во мојот... „Засега сѐ оди лесно, но мора да кажам дека ова ми е најстресниот ден во животот...
Огромни маскоти како лав и жирафа, торта со мече – Бајковит прв роденден на синот на Марија Микиќ Српската пејачка Марија Микиќ со второто дете остана бремена само еден месец по ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg