Колегите ја поддржаа Ангела Јовановиќ на судењето против Лечиќ + видео од сцените во кои таа одби да глуми со него
- Детали
- среда, 06 март 2024
Актерката Ангела Јовановиќ беше пречекана со громогласен аплауз од колешките, на рочиштето каде Бранислав Лечиќ ја тужи дека му ги нарушила честа и угледот. Таа, пак, вели дека не сакала да игра со човек со кого имала непријатности во минатото.
Денес (06.03) во Белград се одржа првото рочиште од судењето во кое актерот Бранислав Лечиќ ја обвини младата српска актерка Ангела Јовановиќ дека одбила да игра во иста сцена со него и со тоа му го попречила правото на работа, а му ги повредила честа и угледот.
Актерките Мирјана Карановиќ, Милена Радуловиќ и Ангелка Стевиќ Жугиќ беа меѓу големиот број колешки кои дојдоа пред зградата на Првиот основен суд во Белград за да ѝ дадат поддршка на Ангела Јовановиќ која се појави на првото рочиште од судењето во кое требаше да се соочи со актерот Бранислав Лекиќ, кој во минатото беше обвинет за сексуално вознемирување.
фото: Јутјуб - принтскрин
Иако судењето требаше да биде отворено за јавноста, во последен миг претседателката на судот донела одлука процесот да биде забранет за новинарите и колегите на актерката кои сакале да присуствуваат и да ѝ дадат јавна поддршка.
фото: Твитер - принтскрин
Како што соопштуваат српските медиуми, Лечиќ не се појавил на припремното рочиште, каде двете страни дале предлози за свои сведоци и докази, а првото судење е закажано дури за 30-ти септември годинава.
фото: Јутјуб - принтскрин
Ангела во судот дојде придружувана од своите адвокати, а беше пречекана со аплауз од колешките кои ја поддржаа и ја поздравија нејзината одлука на социјалните мрежи во изминатите денови.
Таа даде своја изјава пред судот, а ќе има можност да се соочи со Лечиќ на следното рочиште.
За појаснување, Бранислав Лечиќ ја тужеше Ангела затоа што одбила да игра во исти сцени со него во серијата „Радио Милева“ и тврдеше дека на тој начин му ги нарушила честа и угледот, а таа пак рече дека застанала во одбрана на сопствените принципи.
Ангела во изјава за српските медиуми рече дека не сакала да дели ист кадар со човекот со кого имала непријатности во минатото, но и од почит кон жените кои јавно застанале и го обвиниле за сексуално вознемирување и силување.
Во серијата, Лечиќ требало да има споредна улога и да игра човек што е неправедно обвинет за сексуално малтретирање, што не ѝ се допаднало на младата актерка и не сакала да прифати да игра со него.
Според пишувањата во српските медиуми, тој од неа барал отштета во износ од околу 300.000 динари (околу 2.500 евра).
На социјалните мрежи се објавени видеа од сцената што Ангела не сакала да ја игра со Лечиќ, и за која продуцентите на серијата морале да бараат замена.
Сцените од серијата споделени на ТикТок:
@razvedenamajka #fyp #viral #tiktok #srbija #trending
♬ original sound - razvedenamajka
Б. С. Б. | Црнобело