CRNOBELO во Белград: Како беше зад сцената на српскиот избор за Песна на Евровизија? (видео)
Расположен за дружење беше и Џорџи, едно од најпопуларните нови лица на српската музичка сцена.
Иако има зад себе неколку песни, својот вистински пробив го направи токму со овој избор.
Џорџи
Тој ја пееше „Луна парк“, песна за која аранжманот го направи нашиот Дарко Димитров.
На сцената делуваше моќно, со заводлив поглед, а зад сцената не престана да се смее.
Го сретнавме пред финалето, пред да оди на настап и го прашавме: „Што мислиш дека е потребно за да се победи на Евровизија?“
„Да се биде автентичен и свој“, ни кажа Џорџи, кој на крајот заврши на 8-то место.
Дарко Димитров, кој освен што го направи аранжманот на песната на Џорџи, работеше и на песната „Зови ме Лена“, на Лена Ковачевиќ. А пред финалето ни рече:
„CRNOBELO е мојот омилен македонски портал. А тука сум да ги поддржам изведувачите на двете песни на кои работев“.
Но, за разлика од повеќето изведувачи кои пред настапите се дружеа со новинарите во холот на РТС и даваа интервјуа, Констракта се држеше настрана.
Таа на кратко излезе пред медиумите во полуфиналето, а вчеравечер не се појави во просторот предвиден за интервјуа.
Констракта
Ние, пак, ја најдовме во еден од ходниците на РТС, пред да го облече костимот за на сцена.
Со фотка испрати поздрав за читателите на CRNOBELO.com.
„Немам трема, ама колку што видов, нема трема ни меѓу изведувачите, сè поминавме илјадапати. Очекувања... е за тоа не размислувам, се пуштам па се снаоѓам,“ ни изјави Констракта.