CRNOBELO во Белград: Како беше зад сцената на српскиот избор за Песна на Евровизија? (видео)
Расположени за фотографирање, пак, беа Филип Балош, Зејна и Филари, кој носеше креација од македонскиот моден дизајнер Златко Јовановски.
Тие не криеја дека уживаат што се дел од изборот, па рекоа дека и в година ќе се пријават пак, без размислување.
Филари
По долги години РТС овој пат издаде и ЦД со сите песни што беа изведени на изборот.
Музичкото издание го добија сите новинари, но и учесници на ПЗЕ 2024.
Организаторите и оваа година направија избор по теркот на самата Евровизија.
За изведувачите подготвија огромна сцена со бројни можности кои ги нуди модерната технологија. Па така, сите настапи делуваа светски, осмислени до последниот детаљ.
„Хидроген“
Она што не можеше да се види на телевизискиот пренос е дека изведувачите иако беа на голема сцена, сепак пред себе имаа само црн ѕид и гледаа во камерите. Поставен беше и монитор на кој можеа да го следат својот настап во живо.
Водителите, како и секоја година беа одлични, а подеднакво впечатливи беа двата водителски пара.
Водителите Кристина Раденковиќ и Стефан Поповиќ
Но, одлично осмислени беа и шоуата посветени на АББА (во чест на земјата домаќин на годинашната Евровизија - Шведска), но и настапот на Жељко Јоксимовиќ во финалето.
Со ова организаторите ја одбележаа 20-годишнината од враќањето на Србија на Евровизија, но и сето она што Јоксимовиќ го направи низ годините на ова натпреварување: второ место во Истанбул 2004 со „Лане моје“, настапот со „Није љубав ствар“, неговото учество на Евровизија како автор на три други песни: „Оро“ на Јелена Томашевиќ, „Лејла“ на Хари Варешановиќ и „Адио“ на Кнез.
Водителите: Стрефан Поповиќ, Кристина Раденковиќ, Славен Дошло и Драгана Косјерина
А се потсетија и на 2008-ма година кога Белград беше домаќин на Евроивизија, а Јоксимовиќ беше водител, заедно со неговата сегашна сопруга, Јована.
По три дена на Евросонг во Белград и уште многу впечатоци кои ги собравме оттаму, останува да ја чекаме Евровизија во Малме 2024.
Бојана и Давид
Зејна
Лена Ковачевиќ
Ива Лоренс
Јанкс
Филип Балош
А. Ј. | Црнобело / фото и видео: И. Стошиќ, В. Живановиќ