CRNOBELO во Белград: Како беше зад сцената на српскиот избор за Песна на Евровизија? (видео)

На српскиот избор, кој траеше три вечери и се одржуваше во студијата на РТС на Кошутњак, беше и CRNOBELO.com. Како си поминавме и како изгледаше изборот зад сцената?

crnobelo-vo-belgrad-kako-beshe-zad-scenata-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-video-01.jpg

Во Белград вчеравечер (02.03) се одржа финалето на српскиот извор за Песна на Евровизија, а победата ја однесе Теја Дора и нејзината песна „Рамонда“. За многумина очекувано, бидејќи заедно со Бресквица и Констракта, таа беше еден од фаворитите за победа.

crnobelo-vo-belgrad-kako-beshe-zad-scenata-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-video-01_1.jpgТеја Дора

На српскиот избор, кој траеше три вечери и се одржуваше во студијата на РТС на Кошутњак, беше и CRNOBELO.com. Како си поминавме и како изгледаше изборот зад сцената?

Веќе неколку години наназад, српскиот избор за Евросонг, важи за еден од најдобро организираните, најзабавните и со најсилна продукција во регионот.

Некогашната „Беовизија“, денес под името „Песна за Евровизија“ (ПЗЕ) од „Сава центар“ се пресели во студијата на РТС на Кошутњак, а се одржува без публика.

crnobelo-vo-belgrad-kako-beshe-zad-scenata-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-video-03.jpgМарко Мандиќ

Затоа, пак, постои посебен дел за фотографирање и интервјуа, каде што може да влезат само пејачите, членовите на нивните тимови и акредитираните новинари.

Тука се случува вистинската забава - се „бркаат“ изјави и интервјуа, некои пеат, се разменуваат контакти, се лобира за гласови. И сето тоа во една опуштена атмосфера, каде што има многу смеење и фотографирање.

crnobelo-vo-belgrad-kako-beshe-zad-scenata-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-video-02.jpg„Кени није мртав“

Секогаш најголемата гужва е околу фаворитите.

Теја Дора два дена беше опкружена со новинари, камери и блицови, а таа опуштено одговараше на сите прашања.

crnobelo-vo-belgrad-kako-beshe-zad-scenata-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-video-16.jpgТеја Дора

Бресквица, која исто така беше меѓу милениците на публиката и еден од фаворитите за победа, не можеше да „крене глава“ од новинарите.

Но, пред да се соопштат гласовите во финалето, ja прашавме: „Која ти е омилена евровизиска песна?

crnobelo-vo-belgrad-kako-beshe-zad-scenata-na-srpskiot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-video-26.jpgБресквица

„Гнездо орлова“, ни кажа таа.

Ова е песната што Бресквица ја пееше на ПЗЕ2024.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Лепа Лукиќ првпат се огласи по скандалот за наводната афера со Бака Прасе: „Сакав да ги тужам, но се... „Сѐ и сешто пројдов, само уште диви свињи ми фалат!“ – рече низ шега 84-годишнат...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Пар од шоуто „Задруга“ на раб на егзистенција: Двајцата се тешко болни, имаат 6 деца Раде и Рада Васиќ се брачен пар од Србија кој се прослави со контроверзното ре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg