Милан Поповиќ стана татко по петти пат, Северина ја изненади публиката на хрватскиот избор за Евросонг
- Детали
- петок, 23 февруари 2024
Поранешниот партнер и татко на синот на Северина, Милан Поповиќ, го доби петтото дете. Сега, со сопругата Бојана, тој има четири деца, а многумина се изненадени за името што го избрале за најмалото - Дали е во чест на неговиот најстар син, или, пак е за инает на Северина?
Хрватската пејачка Северина и српскиот крал на бакарот со години водат судска битка за старателството над нивниот син Александар, а само неколку дена откако Судот одлучи тие двајца да добијат заедничко старателство, во српските медиуми е објавена веста дека Милан Поповиќ станал татко по петти пат.
„Српскиот крал на бакарот и неговата 28 години помлада сопруга Бојана, по синовите Милан и Ѓорѓе и ќерката Софија, добија уште еден син кому му го дадоа името Теодор Александар.
Породувањето помина во најдобар ред. Бојана и бебето се добро“ – пишува српскиот портал Republika.rs, повикувајќи се на сопствени извори блиски до парот.
Многумина се изненадени околу изборот на името и зошто српскиот бизнисмен одлучил во името на својот најмал син да го вметне и она на синот што го има со Северина. Дали е во чест на најстариот брат, или, пак, е од инает кон пејачката?
За потсетување, јавноста речиси и да не знае ништо за сопругата на Милан Поповиќ. Таа нема профили на социјалните мрежи, а во една пригода Милан за неа рече:
„Со неа нема расправии и превирања, дури ни кога е бремена, кога жените знаат да бараат премногу внимание. Таа е мила и драга и е прекрасна мајка, што мене ми е многу важно“.
Фото: Инстаграм - принтскрин
Додека во сите српски медиуми беше објавена веста за петтото дете на Милан, Северина уште еднаш покажа дека местото ѝ е на сцената и пред публиката.
Таа неочекувано се појави на сцената од првата полуфинална вечер за изборот на песна за Евровизија во Хрватска и ги изненади сите.
Северина овој пат не пееше, но ги придржуваше минатогодишните претставници на Хрватска на Евровизија, Let 3 и сите беа изненадени од нејзиниот настап.
Таа танцуваше на сцената во жолт краток фустан со впечатлив дизајн и мавташе со огромен чекан, додека нејзините колеги ја пееја песната „Баба Рога“.
Погледнете го настапот на Северина:
Прочитајте и Северина најави дека ќе му се „одмазди“ на Милан: „Ќе барам целосно старателство“
Б. С. Б. | Црнобело