Северина најави дека ќе му се „одмазди“ на Милан: „Ќе барам целосно старателство“

„Сè e подобро од тоа синот да си го гледам двапати неделно по 4 часа. Но, нема да застанам на ова“, вели Северина, откако повторно доби старателство на својот син, а сепак ќе мора да го дели пола-пола со некогашниот партнер, Милан Поповиќ.

severina-najavi-deka-kje-mu-se-odmazdi-na-milan-kje-baram-celosno-staratelstvo-01.jpg

Еден месец откако на Северина ѝ беше одземено старателството над синот Александар, Жупанискиот суд во Сплит донесе нова одлука со која ѝ го врати детето.

Со ова, старателството ќе биде поделено на пола помеѓу неа и поранешниот партнер, Милан Поповиќ, кои ќе минуваат по половина месец со Александар.

severina-najavi-deka-kje-mu-se-odmazdi-na-milan-kje-baram-celosno-staratelstvo-02.jpg

На денот на неговиот 12-ти роденден (20.02) јавноста дозна дека Александар сепак ќе биде покрај својата мајка.

По ова, во медиумите се огласи и Северина, која најави дека „ќе му се одмазди“ на Милан и ќе направи сè што може за да добие целосно старателство над синот.

„Воопшто не очекував дека Сплитскиот жупаниски суд толку брзо ќе донесе нова одлука, бидејќи досега во мојот случај, односно во случајот на моето дете, сè беше бавно, полно со неправда и корупција.

Сплитскиот суд повторно донесе пресуда како во 2021 година, која е пола-пола.

severina-najavi-deka-kje-mu-se-odmazdi-na-milan-kje-baram-celosno-staratelstvo-03.jpg

Добро е што се вратија на тоа, сè е подобро од тоа да го гледам двапати неделно по четири часа. Но, нема да застанам тука, ќе одам до крај.

Ќе барам независно старателство и, секако, продолжувам да се борам за сите жени, односно нивните деца, со кои системот си игра како да се топка, кои се жртви на системот и институциите, 'моќни и немоќни жени'. Борбата продолжува“, изјави Северина за „Вечерњи лист“.

severina-najavi-deka-kje-mu-se-odmazdi-na-milan-kje-baram-celosno-staratelstvo-04.jpg

За потсетување, на 23 јануари 2024 јавноста дозна дека Врховниот суд ја укина пресудата на Жупанискиот суд во Сплит, со која беше прекршен Законот за парнична постапка.

Тогаш беше објавено дека Милан и Северина повеќе нема да имаат заедничко старателство, што го одреди Жупанискиот суд во Сплит во 2021 година, туку дека Александар ќе му се врати на својот татко.

Таа одлука стапи на сила веднаш, без оглед на жалбата на пејачката.

severina-najavi-deka-kje-mu-se-odmazdi-na-milan-kje-baram-celosno-staratelstvo-014.jpg

Прочитајте и Судот ѝ го врати синот на Северина, старателството ќе се дели меѓу пејачката и Милан Поповиќ

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Северина со крзнени чевли, какви што повеќето жени никогаш не би облекле - чинат 47.000 денари Подобро боси отколку со вакви чевли или сепак и вие сте подготвени за моден експ...
Мајка ѝ на Северина само еднаш се огласи за Милан Поповиќ: „Користи КГБ методи кон ќерка ми – ме бол... „Од каде му е правото 10 години непристојно да го валка името на мојата ќерка, м...
„Што ти е тебе сестро?“ - Српски монах јавно ја осуди Јелена Ѓоковиќ „Јелена носи некои луѓе од белиот свет за да ги учат родителите во Србија како с...
„Цела година го крие разводот, арогантен е и тежок“ – Што велат соседите за разводот на Милан Калини... „Тој е успешен, познат, згоден, младите девојки го сакаат тоа. Немам убави зборо...
Ведрана Рудан саркастично за Северина: „Навлекла бабата панталони и се дрзнала да се однесува како м... „Северина не разбира дека ние што ги добивме децата кога ги оде*авме сопрузите н...
Северина чита книга за нејзиниот „филм“ на јахта - и зрачи со сексапил на Малдиви „Пред сто години Северина сними ‘филм’ кој ја оживеа преку ноќ покојната Југосла...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg