„Ќе мора да живеам со демоните што ме прогонуваат“: Што кажа Ѓорѓе Давид за несреќата во Куманово?

„Девојката што ја предизвикала несреќата влегла во спротивна лента и директно се судрила со автомобил во кој сите беа повредени. Јас во еден момент влегов во магла, ја намалив брзината и тогаш ми се причини дека нешто не е во ред. Сè се случи во секунда. Не спијам, сликите почнуваат да ми се враќаат во главата“, вели српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој усмрти жена во Македонија.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-01.jpg

Српскиот музичар Ѓорѓе Давид, кој на 20 јануари 2024 усмрти жена на патот од Куманово кон граничниот премин Табановце, се врати во Белград и на прес-конференција ги раскажа сите детали за несреќата.

Тој прво јавно му се извини на сопругот на починатата жена, а потоа опиша што се случувало на кобната ноќ, но и детали кои му претходеле на тој ден.

„Прво, сакам јавно, првпат да му изразам сочувство на господинот Ахрим, кој ја загуби сопругата во оваа грда приказна. Автомобилот го возела неговата ќерка и таа влегла во спротивната лента.

Не знам дали тој ѝ го купил автомобилот или ѝ дал да вози, но таа само што положила за возачка дозвола и по кратко време го доживеала сето ова. Моето најискрено сочувство. Ќе сакам еден ден да ја израдувам“, ја почна својата приказна членот на жирито на „Ѕвездите на Гранд“.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-02.jpg

Тој кажа дека до пред неколку дена за себе мислел дека еден од психички најсилните луѓе, но дека тоа што се случило го скршило.

„Ова е нешто со кое ќе се борам, ќе морам да си дадам самиот на себе предизвик да бидам што е можно посилен.

Ова е сега моја борба со самиот себе, секогаш сум бил победник, ќе бидам и сега. Но, ќе морам да живеам со демоните што ме прогонуваат“, рече Давид.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-021.jpg

Тој кажа дека еднаш годишно ќе мора да се јавува во Обвинителството или да дојде во Македонија кога ќе го повикаат.

„Имам адвокат во Македонија и еден во Белград. Останав десетина дена бидејќи имав обврски во вид на вештачење, проверуваа траги од кочници и слично“, рече тој.

kje-mora-da-zhiveam-so-demonite-shto-me-progonuvaat-shto-kazha-gjorgje-david-za-nesrekjata-vo-kumanovo-03.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша со емотивно сеќавање за Тоше: „Никогаш не сум плачела толку многу како дента кога за... „Тоше беше неуморен. И пееше како некоја виша сила да го тера да пее цело време,...
Ведрана Рудан објави дека боледува од рак: „Животот е убав и кога смртта ќе ти тропне на врата“ „Денес престанувам да пишувам на блогот, затоа што ќе се посветам на лекувањето ...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...
Јелена Карлеуша: „Зад секоја успешна жена стои маж кој ја кочи“ „Мажот може само да ме закочи, да ми го расипе денот. Мене емоциите ме закочуваа...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg