Си го предвидела времето на смртта – Морбидните детали од спотот на пејачката Андријана Лазиќ која почина во Дубаи
- Детали
- четврток, 25 јануари 2024
Држи пиштол во рацете, мавта со нож, а стрелките на часовникот го покажуваат приближното време кога починала... Многумина се прашуваат, дали во својот спот пејачката Андријана Лазиќ која почина во Дубаи си ја предвидела смртта...
Мистериозната смрт на младата српска пејачка Андријана Лазиќ (28) сѐ уште е топ-тема во српските медиуми.
Дента на нејзиниот погреб беше објавен и нејзиниот прв спот, па во него некои препознаа детали што морбидно ја навестуваат нејзината смрт.
На денот на нејзиниот погреб (19.01) е објавен спотот за нејзината песна „Ubiću te“, а во описот под видеото пишува:
„Некогаш судбината ги застанува луѓето на почетокот на патот... Овој канал е посветен на еден таков уметнички пат, прекинат и пред да успее да заживее“.
Во спотот уште на самиот почеток се гледа младата Андријана како плаче со размачкана шминка и вперува нож и пиштол кон своето момче...
Но, она што на многумина им падна во очи се стрелките на часовникот кои во еден кадар го покажуваат времето во кое таа почина.
Според извештаите на полициските службеници во Дубаи, смртта на Андријана настапила како последица на несреќен случај и пад од 24-ти кат, околу 4 часот по полноќ – а, токму тоа време може да се види и на часовникот на раката на нејзиниот татко кој се појавува во спотот и ја вози со автомобил.
Таткото на Андријана, Небојша Лазиќ Зенга, се огласи и ги соопшти првичните информации поврзани со смртта на неговата ќерка.
„На 10-ти јануари вечерта ја добив информацијата. Таа на седми замина и требаше да се врати на 11-ти јануари. Мене ми јавија утрото, не знам што се случило...
Имам само полициски извештај, што ми го пратија. Јас слушнав дека е несреќен случај, пишува дека паднала од височина. Другарките што биле со неа, спиеле, кога се разбудиле, не знаеле што се случило“ – тврди Небојша.
Инаку, песните што Андријана ги отпеа пред смртта биле напишани од страна на покојната Марина Туцаковиќ, а музиката ја компонирал композиторот Горан Ратковиќ Рале.
Погледнете го спотот во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело