Цеца и Теа Таировиќ ги кренаа на нозе гостите на Светски ромски бал во Скопје (видео)
- Детали
- петок, 19 јануари 2024
Вистинската забава на Светски ромски бал 2024 почна со настапот на Теа Таировиќ која ги крена гостите на нозе, а таа потоа ја најави ѕвездата на вечерта - Цеца Ражнатовиќ.
Вчеравечер (18.01) во хотелот „Александар Палас“ во Скопје се одржа 44-иот Светски ромски бал, а српските пејачки Цеца Ражнатовиќ и Теа Таировиќ беа главни музички гости.
Иако вечерта почна со настапите на некои од најпознатите ромски музичари во моментов, кои во придружба на Мухарем Сербезовски ја испеаја ромската химна, но и со многу ора и музика, вистинската забава почна со настапот на Теа Таировиќ.
Насмеана и расположена, таа испеа некои од своите најголеми хитови и ја крена публиката на нозе.
Тие на цел глас пееја со неа, играа и уживаа во нејзиниот динамичен настап.
Теа, потоа ја најави ѕвездата на вечерта, Цеца Ражнатовиќ, која скоро еден час ги забавуваше гостите.
А во нејзиниот репертоар имаше сè: од песни испеани на почетокот на кариерата, па сè до хитовите од нејзиниот последен албум.
Но, вистински делириум се случи кога Цеца ги испеа своите „Београд“ и „Кукавица“.
За задоволство на гостите, откако заврши Цеца, Таировиќ се врати повторно на сцената, со уште еден музички блок.
Забавата, на која имаше гости не само од кај нас, туку и од регионот, но и Европа, траеше до доцна во ноќта, а заврши со настапите на Мухарем Сербезовски и Весна Џогани.