Познати личности од Србија кои отворено зборуваат за проблемите со дрога и алкохол
- Детали
- петок, 19 јануари 2024
„Седев на гробишта и пиев ракија“ - изјави Весна Змијанац во една пригода. Кои познати личности од Србија имале проблем со дрога и алкохолизам?
Ретко се случува јавна личност отворено да зборува за својот живот и пороците кои ги има, но многумина од српската јавна сцена открија дека имаат или имале проблеми со алкохолот.
И покрај сите предности, богатството и славата во кои уживаат, животот на познатите не е бајка.
Многу од нив биле жртви на прекумерно консумирање на алкохол и дрога, а постојат и такви кои успеале да се ослободат од пороците.
Владо Георгиев
Пејачот Владо Георгиев умееше да претера со консумирањето алкохол, но пред неколку години одлучи да се ослободи од овој порок.
„Боемски живот не значи само поминување време во кафеана, туку да се живее слободно и без притисок. Различно е.
Убаво е да се пие кога се релаксирате или правите музика, но главно низ животот - треба да бидете трезни. Јас отсекогаш стоев на таа теорија.
Кога пиеш, некои работи можат да ти поминат без воопшто да забележиш“ - изјавил пејачот за српскиот магазин Story.
Со своите следбеници на социјалните мрежи го сподели и своето искуство со одвикнувањето од алкохол.
Џеј Рамадановски
Покојниот пејач Џеј Рамадановски не криеше дека поради алкохолот имал многу здравствени проблеми, а лекарите му рекле дека мора да престане да пие.
„Се обидувам да се ослободам од алкохолот, сите знаат дека имам проблем со него. Докторот ми забрани да пијам, бидејќи може да умрам, но повеќе би сакал да умрам отколку да се откажам од пиењето.
Го исфрлив вискито, кое најмногу ми се допаѓа, но не можам да живеам без алкохол. Пијам по три-четири ракии или две шишиња вино дневно. Еднаш се обидов да се откажам од алкохолот, кратко траеше.
Дури и моите ќерки не сакаат да ме гледаат со чаша, но јас работам и пијам цел живот, тоа е навика која не можам да ја отфрлам“ - изјавил Џеј за српските медиуми.
Даница Максимовиќ
Проблеми со алкохолизмот имала и актерката Даница Максимовиќ која признала дека пред многу години пиела по литар и половина вотка дневно.
„Тоа беше литар и половина вотка дневно. Луѓето пиеја на моја сметка. Земаш хонорар од банка и сакаш добро да се забавуваш, но потоа доаѓаш до работ на бездната и сфаќаш дека треба да застанеш.
И, мора да имаш некој со тебе, најискрен пријател, кој ќе ти каже да престанеш“ - изјави Даница во српска емисија.
Бора Ѓорѓевиќ
Познатиот рокер Бора Ѓорѓевиќ во една прилика изјави дека е упорен во желбата дефинитивно да се излечи од алкохолизмот и дека во тоа му помага неговиот лекар.
„Решив повторно да одам на терапија. Воопшто не ми доликува да бидам пијан на оваа возраст. Алкохолот ми пречи, а со добри експерти добро ми оди одвикнувањето.
Земам само еден лек, кој е силен и има многу непријатни последици. Само ако лизнам алкохол можам да умрам. Добив и инјекции кои служат за детоксикација на телото“ - изјави Бора Чорба пред неколку години за српскиот Kurir.