30kg злато, камчиња од Месечината - Какви скапоцености се најдени во тајниот сеф на Тито?
- Детали
- сабота, 30 декември 2023
Oд март до јуни 1982-ра, сите скапоцени предмети што ги поседувал Тито биле префрлени во сефовите на Народната банка на Југославија и затворени, со налог да не се отвораат во следните 30 години. Што сè е пронајдено во овие тајни сефови?
Некогашниот доживотен претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито, иако почина пред повеќе од 40 години, и понатаму е интересен во јавноста. И денес се прераскажуваат приказни за неговиот живот, за сопругата Јованка Броз и бројните љубовници, но и различни пикантерии поврзани со него...
Една од работите која и денес привлекува внимание е тајниот сеф на Тито, кој беше отворен во 2013-та година, три децении по смртта на маршалот.
Сефот на Тито се наоѓал во таканареченото Депо 555, во Народната банка на Србија. Сефот не смеел да се отвора со одлука на некогашното претседателство на СФРЈ.
Сите предмети од сефот се попишани и предадени на Народната банка на Југославија, која имала обврска да направи вештачење на нивната вредност и да ги предаде на соодветните музеи, а останатите да ги претвори во златна резерва или да ги продаде на лицитација.
Според документите, Народната банка на Југославија добила:
- Злато во прачки и прав со вкупна тежина од 29,3kg
- 2.663 златници (големи и мали парчиња)
- Предмети од злато, од дијаманти, како и дијаманти кои му припаѓале на кралското семејство Караѓорѓевиќ (149 парчиња)
- Предмети од благородни метали, кои по војната се изнесени од благајната на Народната банка на Југославија, запленети или набавени со државни средства (вкупно 251 парче)
- Ковани пари со голема вредност (1.271 парче)
- Ордени од семејството Караѓорѓевиќ, 13 парчиња
- Садови од сребро и сребро со позлата, 18 комплети
- Предмети со помала вредност (манжетни за кошули, табакери, медалјони, приврзоци, значки и слично) 83 парчиња
- Девизи во готовина: 26.219 американски долари, 36.000 германски марки и 2.200 дански круни.
Во сефот е пронајден и славниот орден Суворов, кој освен Тито го добиле само уште Сталин и Жуков, а вреди неколку милиони евра.
За работите да бидат поинтригантни, во сефот се најдени и камчиња од Месечината, кои на Тито му ги подариле американски астронаути.
Според сведоштвата, од март до јуни 1982-ра, сите скапоцени предмети што ги поседувал Тито биле префрлени во сефовите на Народната банка на Југославија и затворени, со налог да не се отвораат во следните 30 години.
Една од причините за ова било и барањето за поделба на имотот, кон кое не само што се вклучиле директните наследници на Тито и неговата вдовица, туку и луѓе кои сметале дека треба добијат нешто од имотот.
Многумина и не знаеле како златото, скапоценостите и ордените од династијата Караѓорѓевиќ се нашле во посед на Тито.
Една теорија вели дека златото е земено од државните резерви и дека му било ставено на располагање на Тито и на неговото раководство, во случај на непредвидени ситуации како агресија врз земјата или некоја итна ситуација.
Прочитајте и Носела пиштол за да го заштити Тито, не можела да му го прости неверството со масерката - Факти за Јованка Броз
А. Ј. | Црнобело