Правнука му е на Тито, но не сака да ja носи тежината на неговото презиме - Како изгледа Сара Хаас денес?
- Детали
- понеделник, 29 април 2024
Сара Хаас е правнука на Тито, од ќерката на неговиот син Александар Миша Броз. Нејзината мајка гордо го носи презимето на својот дедо, но за младата сценаристка товарот бил преголем. Како изгледаат најпознатата внука и правнука на Тито во моментов?
Доживотниот претседател на поранешна СФРЈ, Јосип Броз Тито во својот живот имал пет брака, од кои три биле официјални, а два неофицијални, а од нив добил повеќе наследници.
Кога се споменуваат неговите сопруги, најпозната е последната сопруга, Јованка Броз со која тој не добил деца, но затоа има голем број деца и наследници од претходните врски.
Неофицијалниот брак на Тито со Херта Хаас
Александра Сашка Броз е внука на Тито, која често се појавува во српските медиуми и отворено зборува за нејзината поврзаност со него.
Таа е ќерка на синот на Тито, Александар Миша Броз, кој, претседателот го добил од неофицијалниот брак со Херта Хаас.
Тито и Херта се запознале уште во 1937-ма година додека таа работела како курир и разменувала пошта меѓу Париз и Загреб.
Тие двајца повторно се сретнале во Истанбул кон крајот на 1939-та година кога ја започнале врската. Живееле заедно во Загреб сѐ до почетокот на Втората светска војна, а потоа Тито се преселил во Белград.
Херта останала сама во Загреб, каде што се породила и го добила синот Александар Миша.
Од Александар, Тито добил два внуци, Александра Саша (1969), која е мајка на правнуката Сара, и Андреј, од кого го добил правнукот Лука.
За разлика од Александра, попозната како Саша Броз, внукот Андреј води повлечен живот и ретко се појавува во медиумите.
Александра Саша Броз, денес можеби е една од најпознатите потомци на некогашниот југословенски претседател.
Таа денес е успешна театарска и телевизиска режисерка во Загреб, и има долгогодишна кариера на сцената.
Таа во една пригода рече дека како мала се вљубила во класичниот балет, а дека нејзините родители не го разбирале нејзиниот интерес, но дедо ѝ (Тито) ја поддржал и благодарение на него се запишала во балетско училиште.
Образованието го продолжила во Москва, но по повредата на стапалото, се запишала на Академијата за драмски уметности во Загреб, на отсекот режија.
Правнуката која го зема презимето на третата сопруга на Тито
Саша Броз беше во брак со актерот Ранко Зидариќ со кого ја доби ќерката Сара Зидариќ.
Сара денес е успешна сценографка, и мошне талентирана ликовна уметница, која веќе работи на проекти со мајка ѝ, но пред неколку години одлучила да го промени презимето, за да се ослободи од товарот и очекувањата.
Не сакајќи да ја носи тежината на познатите презимиња на нејзините родители, Сара одлучила да ѝ даде почит на својата прабаба, која била во неофицијален брак со Тито.
Мајка ѝ во едно интервју за хрватските медиуми зборуваше за љубовта на нејзината баба и Тито.
„Често размислувам за нивната љубов. Тоа е сензационална приказна што се случила во турбулентното време на доцните 30-ти и 40-ти години на минатиот век.
Почнува во Париз и се отвора простор за прекрасни заплети“ – вели Саша.
Внуката на Тито вели дека со сопругот целосно ја поддржале ќерката во одлуката да го промени презимето.
„Пред две години таа рече дека сака да се ослободи од товарот на моето и презимето на мојот поранешен сопруг, па одлучи да го земе презимето на нејзината баба Хаас.
Ранко и јас знаеме што значи да носите познато презиме, неговиот татко е познатиот актер Крешимир Зидариќ.
Ја поддржавме затоа што сфативме дека тоа нејзе ѝ дојде природно и дека има смисла“ – вели Саша.
Иако Сара ретко објавува свои фотографии и профилите на нејзините социјални мрежи се приватни, нејзината мајка, понекогаш знае да сподели фотки на Инстаграм и да покаже дека е горда на своето потекло, но и на својата наследничка.
Погледнете неколку фотки во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело