Александра Пријовиќ даде над 30.000 евра за гардероба на концертите во Загреб - Кои светски дизајнери ги носеше?

Александра Пријовиќ не штедеше за изгледот на петте концерти што ги одржа во Загреб... Облека, накит и чевли од светски дизајнери - чии креации носеше и кое е најскапото парче?

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-01.jpg

Српската пејачка Александра Пријовиќ одржа 5 спектакуларни концерти во Загреб, меѓу 1 и 6 декември 2023.

Таа освен со пеењето, воодушеви и со својот изглед на сцената. За облеката, чевлите и накитот Пријовиќ плати над 30.000 евра.

View this post on Instagram

A post shared by Aleksandra Prijović (@prijovicnation)

На Инстаграм профилот Balkan Style Files редовно се објавува во што се облечени регионалните ѕвезди, кои дизајнерски парчиња ги носат и колку чинат тие.

Па така, за вториот концерт во Загреб, Александра избра син асиметричен кожен фустан од Alexander McQueen во нијансата Galactic Blue и ракавици во истата нијанса.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-01_1.jpg

Фустанот чини 6.500 евра, а ракавиците се 690 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-02.jpg

На четвртиот концерт Пријовиќ носеше црн фустан од дизајнерката Тијана Тодоровиќ со длабоко деколте и шлиц до колк.

Изгледот го дополни со црни обетки во вид на диско топки од Oscar De La Renta, кои чинат 315 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-03.jpg

Сандалите на платформа и високи потпетици се од Yves Saint Laurent, од колекцијата Jodie, и чинат 945 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-05.jpg

Пејачката на едниот од концертите беше облечена во бел проѕирен фустан, исто така креација на Тијана Тодоровиќ, со длабоко деколте и шлиц до колк, а целиот изглед го дополни со сребрени сандали со ремчиња од Giuseppe Zanotti, кои се продаваат за 790 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-04.jpg

Обетките со кристали, пак се од Burberry и чинат 250 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-06_copy.jpg

Најскапиот аутфит што го носеше на концертите е креација на Alexander McQueen, црн волнен фустан со кристали кој чини 12.523 евра и чизми со кристали од истиот бренд, чија цена е 8.750 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-07.jpg

Таа носеше обетки од Alexander McQueen и за својот последен, петти концерт. Овие асиметрични обетки чинат 959 евра.

aleksandra-prijovikj-dade-nad-30-000-evra-za-garderoba-na-koncertite-vo-zagreb-koi-svetski-dizajneri-gi-noseshe-08.jpg

Претходно хрватските медиуми пишуваа дека таа поминала една недела во Загреб и за луксузниот хотел платила 17.000 евра.

Со себе има и екипа од 75 луѓе.

Од овие пет концерти, Пријовиќ ќе заработи повеќе од 2,7 милиони евра.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Елка од 1.500 евра – Бака Прасе и Ања Бла се пофалија со луксузните декорации во новиот стан вреден ... „Самата елка чинеше околу 900 евра и 500 евра потрошивме за украсите“ – вели дев...
„Трошам по 500 евра за ручек“ – Бака Прасе се фали со луксузниот живот, по вестите дека должи 50.000... „Ми се промени вкусот и сакам да уживам во скапи работи. Јас возам Lamborghini с...
Swarovski ѓердан од 550 евра – Колку чини стајлингот на Цеца во спотот за дуетот со Жељко Јоксимовиќ... Дури и кога се појавува во скромни аутфити, Цеца знае изгледот да го надополни с...
Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
Марија Шерифовиќ објасни зошто не сака второ дете: „Кога синот ќе има 20, јас ќе имам 60 години“ „Јас не се сеќавам на семејни летувања и зимувања. Кога бев мала, мајка ми по 3 ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg