Факти за Омер од „Вљубениот ерген“: Зборува 3 јазици, се преселил во Турција на 8 години

Актерот кој „маѓепсува“ со заводливиот поглед и мускулестото тело зборува неколку јазици и обожава спорт. Факти за турскиот актер кој глумеше во серијата „Вљубениот ерген“.

na-8-godini-se-preselil-vo-turcija-i-zboruva-nekolku-jazici-interesni-fakti-za-omer-od-vljubeniot-ergen-01.jpg

Ако спаѓате во групата обожавателки на турските серии, сигурно во очи ви паднал и актерот Бариш Ардуч.

Турскиот актер со албанско потекло е еден од најубавите и најпопуларни актери во Турција.

Скоро не постои жена која може да остане рамнодушна на неговиот заводлив поглед и мускулестото тело.

Македонската публика ја освои со улогата на Омер во серијата „Вљубениот ерген“.

Неколку фатки за Бариш:

Роден е на 9 октомври 1987 година во Шерцинген, Швајцарија.

Висок е 187 сантиметри и тежок околу 82 килограми.

Има постар и помлад брат и една сестра.

na-8-godini-se-preselil-vo-turcija-i-zboruva-nekolku-jazici-interesni-fakti-za-omer-od-vljubeniot-ergen-03.jpg

Тој и неговото семејство се преселиле во Турција кога имал 8 години.

na-8-godini-se-preselil-vo-turcija-i-zboruva-nekolku-jazici-interesni-fakti-za-omer-od-vljubeniot-ergen-02.jpg

Од детство се занимава со разни спортови: пливање, нуркање, фудбал, кошарка, ракомет и кајакарење.

Сака да вози велосипед и мотор, а од неодамна почнал да учи едрење и редовно тренира бокс.

Зборува 3 јазици: турски, англиски и шпански, а сака да научи италијански и арапски.

Освен со глума се занимава и со моделинг и хуманитарна работа, а има амбиција да се усоврши и како режисер и водител.

Во јули 2020 година се ожени со својата долгогодишна девојка и колешка, актерката Ѓупсе Озај. Парот се запознал во 2014 година на снимањето на филмот „Делиха“.

Минатата година ја добија ќерката Јан Асја Ардуч.

На Инстаграм има над 7 милиони следбеници.

А, и со долга коса и брада изгледа подеднакво атрактивно.

С. Ш. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не сака да гради кариера со скандали, гласини за афера со Милица Павловиќ – Факти за Мирза Селимовиќ Мирза Селимовиќ во моментов е еден од најпознатите музичари на нашите простори, ...
Му наплати 600 евра на Кеба за да го разубави, заработи милиони од цртање веѓи – Кој е Адам Адактар? Сака уште 3 сина, но не сака жена му да ги роди, за да не ѝ се уништи телото. Од...
Најдобриот другар го тужел за пари, ги крие девојките – Што знаеме за грчкиот пејач Никос Вертис? Во 2017-та година се најде среде скандал кога најдобриот другар од детството го ...
Чистел тоалети, спиел на паркинг, не го познавал турскиот јазик – Како Керем Бурсин стана еден од на... Татко му не сакал да му дозволи да студира глума, затоа што стравувал дека ќе гл...
Татко му се самоубил – Тажната приказна за актерот кој го толкува Орхан во серијата „Грешници“ Вели дека најголемата грешка му била што не ја прифатил улогата на Полат Алемдер...
Беше во брак со двајца српски пејачи кои беа другари, наследи вила од 750.000 евра: Која е фаталната... Таа ги скара најдобрите пријатели Аца Лукас и Жељко Шашиќ, но и двајцата ги оста...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg