Колегите од Србија и Македонија се простуваат од Жарко Лаушевиќ: „Збогум пријателе!“
- Детали
- четврток, 16 ноември 2023
„Колку што беше убав, уште повеќе беше талентиран и голем глумец. Херој на мојот театар и филм“ – напиша Весна Петрушевска во својот последен поздрав до српскиот актер Жарко Лаушевиќ. Колегите од регионот се збогуваат со актерот кој почина по кратко и тешко боледување.
Со емотивни објави на Инстаграм, колегите од регионот се простуваат од српскиот актер Жарко Лаушевиќ.
Голем број познати актери од Балканот на своите профили на социјалните мрежи објавуваат фотографии од Жарко кој почина на 63 години по кратко и тешко боледување и упатуваат последен поздрав до него.
Актерот Милан Мариќ, кому му припадна честа да ја толкува улогата на Жарко Лаушевиќ во серијата „Пад“, со емотивни зборови се прости од колегата и објави нивна заедничка фотка.
„Не знам како се прави ова, никогаш не сум пишала нешто вакво. Но, ете тешко ми е. Дали би требало прво да се заблагодарам? Да напишам: ‘Ти благодарам што беше таков актер’?
Морам прво да напишам актер затоа што така те запознав. Низ улогата. Те запознав низ улога?! Колку тоа звучи наивно, но ти знаеш на што мислам.
Можеби сепак би требало да напишам: ‘Ти благодарам што си бил таков колега’.
Тоа звучи поблиску и поинтимно, а и навистина е така. Би морал потоа задолжително да додадам дека ти беше прекрасен колега, полн со трпение, со совети и разбирања за нас ‘неискусните’. Но, ти сето тоа го знаеш. Сето тоа веќе ти го кажав и не бев единствениот.
А ако би напишал само ‘Жаре ти благодарам’, тоа би значело дека се простувам од тебе и како актер и како колега, но и од она што изградивме ти и јас надвор од филмскиот сет.
А за тоа ми е всушност најтешко да пишувам. Ќе се обидам.
Ти благодарам за довербата.
Ти благодарам за насмевките.
Ти благодарам за времето.
Ти благодарам за поддршката.
Ти благодарам за лекциите.
Ти благодарам за нежноста.
Ти благодарам за пријателството.
Можеби раѓањето на секој човек е неговото најголемо воздигнување, сѐ останато е пад“ – напиша Милан Мариќ.
https://www.instagram.com/p/Czq3h4CMMh_/
Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ, исто така објави нивна заедничка фотка до која кратко напиша:
„Збогум пријателе, збогум за најголемиот...“
„Каде сите брзате толку?“ – напиша Слобода Боба Миќаловиќ.
„Добар мој Жаре, најубав и најдобар... Го најде својот мир! Патувај со ангелите! Те сакам“ – напиша Даница Максимовиќ.
„Добар мој Жарко, ми беше големо задоволство и чест да бидам во твоето друштво, да го делам кадарот со тебе, па макар и на три секунди“ – истакна актерката Нина Јанковиќ, која играше заедно со него во серијата „Калкански кругови“.
Поздрави и објави има и во Македонија.
Игор Џамбазов и Весна Петрушевска споделија објави на Инстаграм со цел да се поздрават со нивниот колега.
„Имав среќа да го запознам и да си направиме муабет. Колку што беше убав, уште повеќе беше талентиран и голем глумец.
Херој на мојот театар и филм. Сега си спокоен конечно“ – напиша Весна Петрушевска, додека Џамбазов само сподели објава на Инстаграм Стори.
https://www.instagram.com/p/CzqtHEmsyjM/?hl=en
Б. С. Б. | Црнобело