Хрватка открива детали за свадбата како од индиска серија: „Со сопругот Индиец имавме 2.000 гости, ни правеа натални карти“
- Детали
- вторник, 31 октомври 2023
„Еден од обичаите пред свадбата во Индија е младенците да посетат астролог. Кога мајката на Аман нè одведе кај астрологот, тој рече дека сме најлошата љубовна комбинација што ја видел во последните 30 години“, вели Хрватката Барбара Махешвари, која направи три свадби со Индиецот Аман Махешвари.
Барбара Махешвари е успешна претприемачка од Шибеник, Хрватска, која дури трипати правеше свадба со нејзиниот сопруг од Индија, Аман.
Тие првпат се венчаа во 2019 година пред матичар во Загреб, а следното лето направија црковна венчавка во катедралата во Шибеник.
Третиот пат се венчаа во Индија, во 2020, според традиционалните индиски обичаи. На церемонија која траела четири дена и ноќи имало над 2.000 гости.
На специјалната прослава уживало и семејството на Барбара, но и роднините и пријателите кои биле облечени во традиционална облека.
Бидејќи младенците решиле да ги испочитуваат сите обичаи, жените морале да си ги бојат рацете со кана пред свадбата, но и да ги научат традиционалните танци.