Хрватка открива детали за свадбата како од индиска серија: „Со сопругот Индиец имавме 2.000 гости, ни правеа натални карти“

Барбара, која неодамна гостуваше во емисијата „Добро утро, Хрватска“, зборуваше за својата необична свадба.

„На шега сакам да кажам дека имам 29 години и дека сум се мажела три пати.

Свадбите во Индија се спектакуларни, немам зборови да ги опишам. Секој ден е различен и секој ден е на различно место со различно уредување.

hrvatka-napravi-svadba-kako-od-indiska-serija-se-venchavme-pred-18-meseci-so-2-000-gosti-ni-pravea-natalni-karti-07.jpg

Првиот ден забавата беше во шатор, на отворено, а на тревата наоколу имаше над 2.000 луѓе.

Следниот ден отпатувавме во друг град и имавме цел остров за нашата венчавка, па таму славевме. Секој гостин имаше свој батлер на таа прослава. Само фотосесијата со гостите траеше 3 часа и добив воспаление на мускулите на лицето од смеење“, вели Барбара.

View this post on Instagram

A post shared by Barbara Maheshwari (@ceo_in_heels)

Таа раскажува дека нејзините родители на почетокот биле шокирани кога им кажала за врската со Аман.

„Отпрвин беа малку изненадени, не знаеја како да се прилагодат на индиската култура. Но, како што го запознаваат, сега мислам дека на моите родители дури повеќе им се допаѓа Аман, отколку на мене“, рекла Барбара низ смеа.

Еден од обичаите ѝ бил особено необичен, а тоа е дека пред свадбата младенците одат кај астролог.

„Кога мајката на Аман нè одведе кај астрологот, тој рече дека сме најлошата љубовна комбинација што ја видел во последните 30 години.

Toa беше малку загрижувачки, но се венчавме и среќни сме“, додала Барбара.

hrvatka-napravi-svadba-kako-od-indiska-serija-se-venchavme-pred-18-meseci-so-2-000-gosti-ni-pravea-natalni-karti-03.jpg

Барбара и Аман се запознале во Лондон, а во 2020 година се преселиле во Загреб и засега имаат намера да останат таму.

Повеќе фотографии од свадбите на Барбара и Аман на следната страница...


Би можело да ве интересира:

Јелена Карлеуша до хејтерите: „Жените на 45 години не се баби, можат да се сликаат како сакаат“ „Секојпат кога некој ќе ме навреди затоа што имам 45 години, јас слабеам уште 10...
Свекорот „уловен“ со симнати пантолони, гостите лудуваа под тврдина – Фотки од свадбата на синот на ... Невестата е родена во САД, но е горда на своите хрватски корени. Зошто синот на ...
Важи за најголема „плачка“ во турските серии, гладува за да биде витка - Факти за Бестемсу Оздемир Признава дека гладува за да го одржи извајаното тело, до 17 години била како мом...
„Не паничев“ - Девојка од Хрватска се пожали дека ја каснала ајкула на одмор на Малдиви (фото) „Дојде мојот ред да нурнам, додека водичот ме снимаше со подводна камера. Се при...
„Сакав да видам како се одело порано на море“ – Пар од Србија со Фиќо старо 46 години патувал до Ант... Со чести паузи, без клима и со максимална брзина од 80 km на час, српски брачен ...
Била секс робинка во култ, татко ѝ е криминалец – Што знаеме за внуката на српската принцеза, Индија... Долго време никој не знаел кој ѝ е татко, а таа како дете на славна мајка спасот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg