Бизарно: „Бугарската Барби“ сака да ги има најголемите усни на светот - клиники за филери ја одбиваат (фото)
- Детали
- сабота, 28 октомври 2023
Андреа Иванова, позната и како „бугарската Барби“ е опседна со филери и сака да ги има најголемите усни во светот. Иако некои клиники ја одбивале, таа вели дека не се откажува од својот сон. Бизарно, зарем не?
Андреа Иванова од Бугарија ги има можеби најголемите усни што сте ги виделе.
Таа користи филери, а вели дека не планира да запре, без разлика што некои следбеници на Инстаграм изразиле загриженост дека ќе ѝ „експлодираат“.
Според фотки споделени на нејзиниот Инстаграм профил, некои бугарски медиуми ја нарекуваат Андреа „бугарска Барби“, додека таа самата е уверена дека ги има најголемите усни на светот.
Сега, 25-годишната девојка која живее во Софија вели дека сака да почне поинтензивно да користи и филери на јаболчниците.
Андреа ја почнала трансформацијата во 2018 година, кога изразила желба да изгледа како кукла. Тогаш почнала да става филери во усните, вилицата и брадата.
Неодамна, пак, потрошила над 1.600 евра за филери во јаболчниците.
„Сакам поголеми усни и ќе продолжам со инјекциите за да ги зголемам. Уште не се доволно големи. Секој месец ставам филери, а не можам да пресметам колку пари имам истрошено досега“.
Андреа има скоро 30.000 следбеници на Инстаграм, а во коментари повеќето ја изразуваат нивната загриженост.
„Ова е тажно! Те молам не се претворај во пар усни!“
„Зарем не ти е страв дека еден ден ќе ти експлодираат?“
„Лекарите што ти ги ставаат инјекциите треба да одат во затвор. Тебе ти треба помош од професионалец“.
Андреа, пак, има изјавено дека во неколку клиники ја одбиле кога побарала да ѝ стават филери.
А, во врска со загрижените следбеници, вели дека не им обрнува внимание.
„Не ме интересираат коментарите на туѓите луѓе, бидејќи јас имам свои вкусови и погледи за убавина кои строго ги следам.
Секоја личност треба да биде задоволна од себе, без да се плаши или грижи за мислењето на другите, бидејќи смислата на животот е да бидеме среќни“.