„Уште ми беа клемпави, па ги оперирав, дискретно ги зголемив градите“ – Колку се промени Теодора Џехверовиќ?
- Детали
- сабота, 21 октомври 2023
„Мажите тврдат дека сакаат природни девојки, но се вртат по оние што не се“ – вели српската пејачка Теодора Џехверовиќ, која е една од ретките што признава дека направила повеќе естетски корекции на своето тело. Што сѐ коригирала и колку пари потрошила на својот изглед?
Теодора Џехверовиќ важи за една од најубавите и најзгодните пејачки на српската музичка сцена, но ако се погледнат нејзините стари фотографии од почетокот на кариерата, јасно е дека таа направила повеќе естетски корекции и измени за да го доведе сопствениот изглед до совршенство.
Теодора Џехверовиќ се појави на музичката сцена во 2014-та година, кога се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“. Во тој период Теодора имаше 17 години и изгледаше сосема поинаку.
Сега, Теодора има 26 години, а самата признава дека нејзиниот денешен изглед се должи и на помошта што ја добила од естетските хирурзи.
Уште во 2019-та година почнаа да се појавуваат написи дека таа направила пластична операција на градите и вградила силикони, а пејачката сама ги потврди вестите во една изјава за медиумите:
„Јас отворено зборував дека планирам да ги зголемам градите и немам намера да лажам и да се глупирам. Да, ги зголемив градите, но тоа е толку дискретно, што многумина коишто знаат дека сум била на операција, се шегуваат и ме прашуваат: ‘Чекај ти навистина си стави нови гради?’.
Така што, ги зголемив онолку колку што ми е мене доволно и презадоволна сум.“
Инаку, се знае дека таа направила операција на ушите, ставила силикони и на усните, а многумина веруваат и дека направила и операција на носот.
Српските медиуми пресметале дека за својот изглед пејачката потрошила околу 7.000 евра.
„Зошто да не кажам дека сум ги оперирала ушите и зошто да не кажам ако ги зголемам и градите, или што било? Зошто да не кажам дека тоа сум го направила?
Тоа е составен дел од животот на една девојка, па и маж. Ако не сме задоволни, сосема е во ред нешто да доработиме, а јас уште од мала видов дека сум клемпава и тоа сакав да го коригирам“ – изјави Теодора.