„Љиљана навистина постоеше, но нејзиниот сопруг почина, а не таа“ – Сопругата на Тома Здравковиќ ја открива вистината за песната

Тома не ја напиша песната „За Љиљану“, а вистината е дека така се викаше сопругата на лекарот што го лекуваше... Пред премиерата на серијата што надолго ќе го раскажува животот на познатиот пејач, повторно се актуелни деталите што ја потресоа и ја расплакаа балканската јавност од животот на познатиот пејач.

soprugata-na-toma-zdravkovikj-ja-otkri-vistinata-za-pesnata-za-ljiljanu-shto-mozhe-da-se-ochekuva-od-serijata-shto-kje-se-emituva-ovaa-esen-01.jpg

Пред 2 години балканската јавност го следеше филмот „Тома“, а оваа есен српската јавност со нетрпение го очекува и емитувањето на серијата посветена на познатиот музичар, во која низ 10 епизоди ќе има можност подетално да го проследат неговиот живот, но и контактот што тој го имал со голем број други познати јавни личности од Србија.

soprugata-na-toma-zdravkovikj-ja-otkri-vistinata-za-pesnata-za-ljiljanu-shto-mozhe-da-se-ochekuva-od-serijata-shto-kje-se-emituva-ovaa-esen-02.jpg

Во филмот, имавме можност да ја проследиме носталгичната и емотивна приказна за Тома Здравковиќ, кој маестрално беше одигран од Милан Мариќ, а беше опфатена златното доба на народната српска музика и се појавија повеќе тогашни музички ѕвезди: Силвана Арменулиќ, Лепа Лукиќ, Предраг Живковиќ Тозовац, Цуне Гојковиќ итн.

Во серијата, пак, ќе имаме можност да ги видиме и Драган Николиќ, Бора Тодоровиќ, Зоран Радмиловиќ, Кемал Монтено, а ќе бидат опфатени и четирите браќа на Тома и најважните жени во неговиот живот.

soprugata-na-toma-zdravkovikj-ja-otkri-vistinata-za-pesnata-za-ljiljanu-shto-mozhe-da-se-ochekuva-od-serijata-shto-kje-se-emituva-ovaa-esen-04.jpgВојин Четковиќ во улогата на Драган Николиќ

Она, што на сите им остави впечаток во филмот беше емотивната сцена за тоа како настанала песната „За Љиљану“, а режисерот на филмот Зоран Лисинац, уште по премиерата на филмот рече дека станува збор за фикција.

„Размислувавме да ја исфрлиме таа сцена затоа што сметавме дека може да го оттргне вниманието од главниот јунак. Меѓутоа, на наша радоста, таа сцена остана и таа секако ни е една од подрагите.

Го имавме од една страна докторот, а од друга страна неговата сопруга. Сѐ настана сосема спонтано. Сопругата на докторот требаше да се вика Вера, но ние ја нарековме Љиљана“ – рече тој.

soprugata-na-toma-zdravkovikj-ja-otkri-vistinata-za-pesnata-za-ljiljanu-shto-mozhe-da-se-ochekuva-od-serijata-shto-kje-se-emituva-ovaa-esen-03.jpg

Иако, набрзо по излегувањето на филмот многумина пишуваа дека сцената во целост е измислена и дека песната е посветена на актерката Љиљана Благојевиќ и дека Тома ѝ ја напишал песната на салфетка, неговата последна сопруга Гордана, има сосема поинакво тврдење.

Гордана, набрзо потоа даде едно сосема поинакво објаснување и изјави:

„Тома не ги напиша зборовите на таа песна, тој ја отпеа и ја направи музиката. Ако ја земете плочата, ќе видите дека тој не е автор на тој текст.

Не можам точно да се сетам чија е таа песна, но тој не ја напиша“ – изјави таа.

soprugata-na-toma-zdravkovikj-ja-otkri-vistinata-za-pesnata-za-ljiljanu-shto-mozhe-da-se-ochekuva-od-serijata-shto-kje-se-emituva-ovaa-esen-05.jpg

Инаку, вистината е дека автор на таа песна е Светозар Балтиќ и дека Тома само ја отпеал, а Гордана во едно гостување неодамна откри дека режисерот на филмот направил уште една измена на приказната од реалноста за совршено да се спојат „коцките“ и приказната да го има посакуваниот емотивен ефект.

Српските медиуми ја пренесуваат изјавата на Гордана за тоа, како името Љиљана е поврзано со животот на Тома и во која мера филмот ја следи реалноста.

„Љиљана во вистинскиот живот беше сопругата на докторот што го лекуваше Тома. Таа беше докторка на одделот за нефрологија.

Во филмот дејствието е заменето. Вистината е дека докторот почина и дека Љиљана остана жива.

Но, всушност сѐ она што го го гледате го имало и во вистинскиот живот“ – рече таа.

Оттука јасно е дека режисерот инвентивно успеал да ги склопи песната што ја отпеа Тома со приказната од реалноста за да ја склопи најемотивната сцена во филмот.

Прочитајте и „Го гледав филмот Тома - ремек дело, емоција, не можам да се соземам, уште гуглам за него“

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го избркаа среде серија затоа што бил „тежок човек“, важи за еден од најзгодните Хрвати  – Како изгл... Имаше гласини дека бил избркан од серијата „Чиста љубав“ заради постојани несогл...
„Едвај ја влечев“ – Исповед на мајката херој Лејла, која пливала 3km за да ја спаси ќерката од попла... „Почувствувавме кога куќата почна да се ниша, еднаш, двапати, а на третиот удар ...
Гласини дека беше во врска со Жељко Јоксимовиќ, заради љубов заврши во затвор – Се сеќавате ли на Ро... Во врвот на славата имаше гласини дека е во врска со Жељко Јоксимовиќ, потоа исч...
„Бресквице, што ти се случи?“ – Фановите разочарани откако пејачката почна да пее песни од Аца Лукас „Што ти се случило?“ – ја прашуваат фановите Бресквица откако таа одлучи целосно...
Не сака да вгради силикони, не држи диети – Како српската пејачка Милица Тодоровиќ „отскокнува“ од с... „Моите пријатели порано постојано ми велеа: ’Ајде ние ќе ти платиме еден силикон...
Ја „фатија“ во афера со фудбалер, па сега „ја омажија“ - Сите гласини за љубовниот живот на Ивана Ни... Минатага година се најде среде скандал кога сите српски таблоиди пишуваа дека ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg