Беше свршен со актерка, ѝ предвидуваа свадба со познат пејач: Кои се бившите на Александра Пријовиќ и Филип Живојиновиќ?
Кога почна да гради кариера, Александра беше во врска со пејачот Љуба Перуќица, кој денес, исто како Пријовиќ, е во среќен брак.
„И јас и Александра имавме многу поранешни љубови.
Но, таа е позната, па затоа на таблоидите им беше интересно да пишуваат за нас.
Но, ако си ‘нормален во главата’ со секоја поранешна ќе застанеш, ќе прашаш ‘Еј, како си, што си, дали си добро’, кога ќе се видите.
Така е и со Александра. Имаме коректни односи, навистина ја ценам и почитувам.
Сè што се случи меѓу нас беше многу одамна и не се разделивме со кавга.
Сепак постои некаква историја со тие луѓе. Прашуваш како им е семејството“, кажа во една пригода Перуќица.
Пријовиќ беше во врска и со пејачот Амар Гиле, во периодот кога двајцата се натпреваруваа во „Звезде Гранда“.
Иако Гиле подоцна изјави дека тоа не била сериозна врска, призна дека и денес ја сака.
„Јас неа ја сакам ужасно многу и за мене нема подобра пејачка од неа.
Но, со неа тоа беше занес, нешто детско, не беше некоја сериозна врска“, кажа Амар Гиле во едно интервју.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





