Ја отпеа „Тек је 12 сати“, на 53 години изгледа подобро отколку во младоста – Каде е денес Вана од „Е.Т“?
- Детали
- понеделник, 23 октомври 2023
„Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мегахит, нè обожаваа. Полневме клубови, а патувањата до некои градови беа вистинска авантура. До Славонски Брод стигавме преку Сава со сплав, а до Задар одевме преку окупирани делови од земјата, зашто немаше како поинаку“, вели Вана, некогашната пејачка на „Е.Т“.
Еден од најголемите хитови од 1990-те е песната „Тек је 12 сати“ на легендарната група „Е.Т“. Овој хит го испеа пејачката Ивана Врдољак, позната по уметничкото име Вана.
Со песната пораснаа многу генерации, лудуваа додека ја пееја на забави, а и денес се пее и врти на радио станиците.
Иако на почетокот беше ангажирана да ги пее придружните вокали во тогаш популарната група Е.Т., по неверојатниот успех на песната „Тек је 12 сати“, Вана стана членка на бендот.
За кратко време почнаа да ја препознаваат и Вана стана една од најпопуларните пејачки во поранешна Југославија.
Со групата сними 4 албуми, меѓу 1992 и 1996 година.
„Откако ја снимивме ‘Тек је 12 сати’, веќе ништо не беше исто. Песната стана мегахит, а ние фативме некој победнички чекор. Сè што ќе снимевме стануваше хит, нè обожаваа. Полневме клубови, а патувањата до некои градови беа вистинска авантура.
На пример, држевме концерт во Осијек, иако со сирена означуваа воздушна опасност. До Славонски Брод стигавме преку Сава со сплав, а до Задар одевме преку окупирани делови од земјата, зашто немаше како поинаку“, кажа во една пригода Вана.
Но, по четвртиот албум таа реши да почне соло кариера.
Се натпреваруваше и на Евровизија, па во 2001 година ја претставуваше Хрватска со песната „Струне љубави“.
Пееше на англиски јазик, а заврши на десеттото место со 42 поени.
Некои од песните кои останаа запаметени од нејзината соло кариера се: „Сјај“, „Ледено доба“, „24 сата“, „Испод истог неба“.
Но ниедна не го повтори успехот на нејзините два најголеми хита испеани со „Е.Т“: „Тек је 12 сати“ и „Као да ме нема“.
Вана секогаш се трудела својот приватен живот да го држи што подалеку од медиумите и јавноста.
Нејзиното срце одамна го освои продуцентот Андрија Врдољак, со кого се омажи во 1998 година. Тие се горди родители на две деца – ќерката Јана и синот Лука.
Вана и денес е активна во музичкиот свет, а на својот Инстаграм често објавува фотографии од своите настапи, но и од секојдневните моменти од животот, додека се одмара и ужива покрај морето.
Неколку хрватски брендови ја ангажираа и како заштитно лице. Во јавноста коментираат дека на 53 години (родена е на 1 септември 1970), Вана блеска и изгледа дури и подобро отколку во младоста.