Девојката на Огњен Амиџиќ во 5-тиот месец од бременоста повеќе не може да ги трпи нападите од хејтерите - Се огласи на Инстаграм
Инаку таа неодамна објави кратко Инстаграм Стори во кое опиша како се чувствува за време на бременоста, и, како што рече, ништо не било како што очекувала.
„Што се однесува до бременоста: Ништо не е како на реклама, за сѐ ве лажат.
Едно око ви е на челото, другото на рамето, цело време. До породување, ќе објавувам само стари фотографии“ – напиша таа на кратко.
Огњен, пак даде изјава за медиумите и рече дека тој и Мина се пресреќни што ќе станат родители и дека тие и двајцата посакувале тоа да се случи, па напомена дека до породувањето Мина повеќе нема да биде пред камерите за време на неговата емисија „Амиџи шоу“, туку ќе се повлече од јавниот живот.
Од друга страна, пак, поранешната сопруга на Огњен, Данијела Димитровска е во врска со поранешниот фудбалер Јеврем Косниќ, а објави и неколку нови фотографии на кои позира во розов аутфит, во кој изгледа елегантно.
Погледнете ги фотографиите на Данијела во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело