Јелена Ѓоковиќ во кул комбинација и накит од 4.000 евра издоминира во Скопје: Се дружеше со Македонците, прошета низ центарот на градот
- Детали
- петок, 22 септември 2023
Јелена Ѓоковиќ во Скопје беше облечена во циклама панталони со висок струк и кошула, а носеше скап накит од брендот Roberto Coin. Некои од парчињата накит од овој бренд кои ги поседува Јелена чинат 4.000 евра.
Јелена Ѓоковиќ, сопругата на најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, вчера (21.09) беше во Скопје.
Таа најпрво се прошета низ центарот на градот и објави фотка на Инстаграм од плоштадот Македонија. Вечерта беше во киното Cineplexx и како претставник на фондацијата „Новак Ѓоковиќ“ го промовираше документарниот филм „The Wisdom Of Trauma“, кој го продуцираа тие, а ги најави и идните планови на Фондацијата.
На промоцијата на филмот во Скопје, Јелена дојде облечена во циклама панталони со висок струк и кошула, а носеше скап накит од брендот Roberto Coin.
Некои од парчињата накит од овој бренд кои ги поседува Јелена чинат по 4.000 евра.
Таа овојпат избра обетки и синџирче од овој бренд, кои ги дополни со скап часовник, алки и дијамантски прстен.
За цело време додека беше во Скопје, Јелена расположена и насмеана се фотографираше со гостите кои дојдоа на македонската премиера на филмот.
Потоа на Инстаграм сподели и неколку фотографии и видеа што ги направија македонските фанови и гостите на премиерата.
Меѓу гостите беа и пејачката Ребека Јанковска – Ристески и водителката Живкица Кaленикова.
Гостувањето на Јелена во Скопје е дел од „Караванот на среќата“, со кој Јелена посети неколку града низ Србија и го промовира филмот „The Wisdom of Trauma“, а зборуваше и за хуманоста и помошта што ја споделуваат со нејзиниот сопруг, а зборуваше и за идните планови на фондацијата.
https://www.instagram.com/p/CxdjRpXMXMp/
А. Ј. | Црнобело / фото: Инстаграм