„Присуствував на судењето на Милена Радуловиќ, се згрозив од прашањата кои ѝ беа поставени – Како реагираше таа?“
- Детали
- четврток, 21 септември 2023
„Колкав е јазикот на Мика? Дали ви ја влечеше главата надолу? Како ви делуваа прашањата на Мика: ‘Дали се е*еш’, ‘дали си сувопи*еста’, ‘дали св*шуваш’...?“ - ја прашуваа Милена адвокатите на Мика“, - згрозено открива професорката Биљана Србљановиќ и раскажува како изгледало судењето на Милена Радуловиќ.
Судењето на кое српската актерка Милена Радуловиќ (28) за првпат на суд се соочи со учителот по глума Мирослав Мика Алексиќ (71), кој е обвинет за силување и сексуално вознемирување на седум девојки привлече големо внимание како кај српската, така и кај балканската јавност.
Јавното сведоштво на Милена, која ги изнесе сите згрозувачки детали од сексуалниот напад беше пренесено во речиси сите српски медиуми, а српската драмска писателка и редовна професорка на Факултетот за драмски уметности во Белград, Биљана Србљановиќ објавистатус на Фејсбук, во кој го изрази нејзиното гадење од судењето на кое присуствувала и односот од адвокатите кон жртвата.
Фото: Wikipedia
Нејзиниот статус ви го пренесуваме во целост:
„Присуствував на судењето и сакам да ви кажам дека сѐ е уште полошо од она што си го замислувате.
Милена беше храбра, достоинствена, самоуверена и силна, помина низ 3-часовно навредливо обраќање и простачко однесување на адвокатот на одбраната и неговиот тим. Одговараше на тешки и комплицирани прашања без да трепне, без да остане без здив. Без здив останавме ние во публиката.
Судницата денес беше преполна, со голем број претставници на медиумите и на „стручната јавност“ (мислам дека се студенти или млади правници). Речиси сите медиуми беа претставени од жени, во главно млади, сериозни и дискретни. Сепак, тие неколкупати покажаа дека се згрозени од говорот на адвокатот.
фото: YouTube - принтскрин
Покрај тоа, имаше и две новинарки од средната генерација на кои Алексиќ им мавташе, а на една ѝ намигна, а тие му возвратија срдечно.
Сепак, имам впечаток дека голем број присутни беа згадени од пристапот, однесувањето и држењето на правниот тим на Алексиќ.
Не постои причина да се смеат на жената додека одговара на прашања за силувања. Не постои никаква причина за адвокатката, која значи е жена, од тимот на бранителите на Алексиќ цело време да ѝ се кикоти на Милена во лице, да ѝ прави гримаси, да ѝ пркоси и да се обидува со сопствениот став да ја понижи, додека таа сведочи за сексуалното насилство што го преживеала.
Тоа не може да биде прифатлива стратегија на одбраната за кој било, а посебно не за еден старец кому му се суди за силување и сексуално вознемирување на девојки и девојчиња.
фото: YouTube - принтскрин