Николија за навредите на интернет и сајбербулингот: „Ми велат дека сум како машко и животно“
- Детали
- недела, 17 септември 2023
„Ми велеа дека сум машко и дека сум женско, дека сум грда и дека сум убава“ – Николија Јовановиќ откри какви коментари добива на социјалните мрежи и која е единствената навреда што досега не ја добила.
Славните личности не се имуни на сајбербулинг и интернет насилство. Нивните објави на социјалните мрежи често може да бидат мета на навредливи коментари, но ретко кој од нив јавно зборува за тоа како се справува со стресот што настанува потоа.
Ќерката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ отворено зборува за тоа какви навредливи коментари најчесто добива на социјалните мрежи, а кои најчесто се упатени за нејзиниот изглед.
Таа гостуваше во поткаст на Nova.rs и откри какви сѐ навреди трпи на интернет и како се справува со нив.
„Од сите епитети и навреди што сум ги добила, само зборот „сељанка“ никогаш не дошол до мене. Ми велеа дека сум машко и дека сум женско, дека сум грда и дека сум убава. И дека сум некое животно. Имаше разни коментари, но ‘сељанка’ досега не сум била.
Често знаат да ми речат дека сум во некој „филм“ и тоа генерално го мислат за мене, затоа што не сум премногу пристапна личност. Јас сум Јовановиќ, но кога треба да бидам змија, јас сум Змијанац“ – изјави таа.
По големиот број коментари за нејзиниот изглед и гласините дека направила голем број естетски корекции, таа објави повеќе кратки видеа во кои откри што всушност коригирала на своето тело и лице, а што не.
„Прво нешто што коригирав, беа градите. Имав многу голем комплекс затоа што бев рамна како штица. Таа операција во 20-тите години направи да се чувствувам убаво во сопственото тело.
Но, сега во 30-тите никогаш не би вградила силикони, и, да можам да го вратам времето, никогаш не би ја направила таа операција, затоа што мислам дека природните гради се најубави и дека имплантите се непотребни“ – откри таа.
Освен тоа, Николија призна дека ги извадила имплантите на усните, а дека сега користи трајна шминка и тетовирани веѓи.
Инаку, Николија, вели дека со нејзиниот партнер Реља Поповиќ имаат складни односи, но дека и двајцата се трудат колку е можно повеќе својот приватен живот да го чуваат подалеку од очите на јавноста.
Прочитајте и Николија Јовановиќ искрено за изгледот: „Ставам ботокс, а ги тетовирав веѓите и усните, но се каам за пластичните операции“
Б. С. Б. | Црнобело