Таткото на Новак Ѓоковиќ: „Долго време криевме една тајна од Новак - тоа се одрази врз моето здравје, едвај преживеав“
- Детали
- четврток, 07 септември 2023
„Имав сепса на крвта, вода во белите дробови, гнојни апцеси и две бактерии. Докторите месец дена ми даваа само еден отсто шанса дека ќе преживеам“ – откри таткото на Новак Ѓоковиќ и изјави дека стресот заради тајната што долго време ја криеле со сопругата од Новак, подоцна се одразил врз неговото здравје.
Таткото на Новак Ѓоковиќ, Срѓан не крие колку многу тој и неговата сопруга Дијана вложиле во тоа да му помогнат на својот син да изгради успешна кариера.
Тој неодамна гостуваше во емисијата „Преживели“ кај Милан Калиниќ и откри како стресот се одразил врз неговото здравје.
Тој претходно откри дека, заедно со сопругата Дијана долго време криеле дека семејството се наоѓа во очајна финансиска состојба, затоа што не сакале да се откаже од тенисот и спортот.
„Новак до својата 17-та година не беше упатен со какви проблеми се соочуваме околу финансирањето на неговата тениска кариера.
Тогаш дозна дека сите локали што ги имаме всушност се изнајмени, како и становите во коишто живеевме, но затоа и тој е пример во „богатиот свет“, затоа што од самиот почеток беше нормално момче“ – раскажува Срѓан.
Таткото на најдобриот светски тенисер вели дека во тие тешки години имале помош само од неколку блиски пријатели кои им помогнале да истуркаат сè до крај, но стресовите што ги преживувале на крајот го земале данокот.
„Тоа беа огромни стресови. Со години не спиев, па тоа на крајот сериозно се одрази врз моето и здравјето на мојата сопруга.
Дијана пред 12-тина години имаше сериозни здравствени проблеми, а јас пред девет. Имав сепса на крвта, вода во белите дробови, гнојни апцеси и две бактерии.
Докторите месец дена ми даваа само еден отсто шанса дека ќе преживеам. Да не ме префрлеа во Минхен, тешко дека би преживеал, затоа што немаше услови за преживување кај нас“ – откри Срѓан.
Прочитајте и Тајната која родителите на Новак Ѓоковиќ ја криеле цели 17 години од него: „Тој немаше поим што се случува“
Инаку, во моментов Новак е во Њујорк каде се обидува да го освои US Open.
Прочитајте и Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парите?
Б. С. Б. | Црнобело