Танчар од Словенија, се запознале на социјални мрежи – Кој е згодниот дечко на Сара Јо?
- Детали
- петок, 08 септември 2023
„Не посакував, не планирав љубов, особено затоа што само што излегов од претходната врска“ – откри во една пригода Сара Јо за тоа како започнала нејзината врска со згодниот Словенец, Жига Шотлар. Кој е дечкото што ѝ го украде срцето на убавата српска пејачка?
Српската пејачка Сара Јовановиќ, попозната како Сара Јо (29) е среќно вљубена и сака сите да знаат за тоа.
Таа редовно објавува фотки и видеа од одморот и времето поминато со нејзиниот дечко со кого подолго време е во врска, а неодамна го прослави и неговиот роденден со забава за најблиските.
Сара на Инстаграм објави неколку фотографии, а како што може да се види, за роденденот на Жига, тие подготвиле вечера на брод, на која присуствувале неколку нивни пријатели.
Дечкото на српската пејачка, Жига Шотлар е Словенец, кој работи како кореограф и танчар.
Таа во една пригода откри дека тие двајца се запознале на социјалните мрежи и првиот контакт им бил чисто деловен.
„Потоа се сретнавме. Тој ги работеше настапите на Маја Беровиќ, Наташа Беквалац и други, а конечно дојде и до соработка кога ми го подготвуваше настапот за MAC Awards“ – откри Сара.
По ова, тие двајца останале во контакт, по што се развило пријателство, па и љубовна врска.
„Не посакував, не планирав љубов, особено затоа што само што излегов од претходната врска, но животот понекогаш знае да ги намести ситуациите во коишто немате контрола“ – изјави Сара во eдна пригода.
Пејачката заедно со нејзиниот дечко имаше незаборавен настап на сцената на Беовизија во 2022-ра година, додека сè уште беа на почетокот на врската, а нивната љубов трае во последните две години.
Сара и Жига летово беа заедно на одмор во Црна Гора, а на социјалните мрежи редовно објавуваат фотки од нивните заеднички мигови.