Планираше свадба со друг пред да се омажи за Марко Вулета – Кој е сопругот на Србинката Ивана Шпановиќ, најдобрата светска атлетичарка?
- Детали
- вторник, 22 август 2023
Пред да се омажи, атлетичарката Ивана Вулета десетина години беше во љубовна врска со Владимир Кумриќ - тие планираа свадба, но тоа не се случи. Јавноста, пак, коментира дека бившиот дечко и нејзиниот сегашен сопруг Марко премногу личат еден на друг.
Откако најдобрата српска атлетичарка Ивана Вулета на 20 август успеа да ја смени историјата и со скок од 7.14m да освои злато на Светското првенство во Будимпешта, таа повторно е главна тема во регионалните медиуми.
Освен за успехот што го постигна, и коментарите дека по којзнае кој пат ја направила Србија горда, медиумите повторно пишуваат и за сопругот на Ивана, Марко Вулета, кој последниве години ѝ е ветер во грб и ја бодри на секој чекор.
Сепак, јавноста во 2022 година ја критикуваше бидејќи поради него го смени презимето и препознатливото Шпановиќ го замени со Вулета.
„Сѐ уште не реагирам на тоа Вулета. Морам да ја видам сликата и да си речам: ‘Ааа, Ивана Шпановиќ’. Тоа е некој врв на патријархатот, толку славна жена да го промени презимето – додека сѐ уште е славна“, коментираа тогаш фановите на атлетичарката.
Пред да се омажи со Марко, Ивана десетина години беше во љубовна врска со Владимир Кумриќ, а српските медиуми пишуваа дека парот планира свадба, но тоа не се случи.
Откако почна да објавува фотки со Марко, имаше и такви кои коментираа дека Владимир и Марко премногу личат еден на друг.
„Го стави Владимир и се омажи за негова копија,“ коментираат на социјалните мрежи.
https://www.instagram.com/p/ClTPKaNMirL/
И покрај тоа, Ивана не реагира на коментарите, туку ужива во љубовта со Марко, која наликува на љубов од филмовите.
„Покрај него сум емотивно исполнета, а кога е така, со напорна работа и малку среќа, можам да скокнам најдалеку“, рече Ивана во една пригода, а тоа го потврди и со освојувањето на светското злато.