Српска атлетичарка критикувана што го земала презимето на сопругот: „Врати го старото - светски првак не го прави тоа“

„Тоа е врв на патријархатот, зошто славната жена да го промени презимето...? Врати го старото, не знаеме за кој се работи!“ - се дел од критиките кои масовно се проширија деновиве, откако српската атлетичарка која е светски првак, Ивана Шпановиќ, одлучи да го промени презимето по стапувањето во брак. 

srpska-atleticharka-kritikuvana-shto-go-zemala-prezimeto-na-soprugot-vrati-go-staroto-svetski-prvak-ne-go-pravi-toa-01.jpg

Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ (31), сега Ивана Вулета е топ тема на Твитер деновиве.

Најпознатата српска атлетичарка Ивана Шпановиќ во октомври минатата година по двегодишна врска се омажи за нејзиното момче Марко Вулета и остана доследна на традицијата, па го зема презимето на сопругот.

На 20-ти март, на Светското првенство во атлетика што се одржа во Белград, Ивана отскокна неверојатни 706cm во далечина и стана светски првак во атлетика.

Сепак, на социјалните мрежи наместо да се коментира нејзиниот успех, масовно се коментира за тоа дали е во ред тоа што го земала презимето на сопругот.

Додека едни застанаа во одбрана на нејзиниот избор, други сметаат дека славните жени не треба да го менуваат презимето за да останат препознатливи.

Проследете дел од твитовите во продолжение:

„Оваа Вулета иста е како Ивана Шпановиќ. А добро скока.“

„Дали само јас не слушнав дека Ивана Шпановиќ го промени презимето... Тотално ме полуде коментаторот со најавата...“

„Јас сум за тоа во спортот да го задржи презимето Шпановиќ затоа што вчера милионпати се прашував која е Ивана Вулета?

Гледам некои други спортистки и се прашувам за кого воопшто говорат. Како јавни личности што на сцената се едно, а во приватниот живот се друго. Истото може да го направи таа.“

„Ако не ви се допаѓа што Ивана Шпановиќ освои сѐ со тоа презиме, па одлучи да освојува сѐ со друго презиме, секогаш можете да тренирате како неа, да направите сѐ што прави таа и да покажете што е според вашето мислење вистински избор.“

Погледнете повеќе фотографии од Ивана на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Сара Јо се моли за Панчо ДНК: „А, ти, добар наш Панчо... Знам дека се бориш лавовски, така како што ... „Не постои миг, а да не мислиме на тебе. Со целото срце и душа сме со тебе“, му ...
Една од најубавите Србинки откри како успева набрзина да ослабе: „За жал, лебот не ни е пријател“ Актерката Јелена Гавриловиќ (41) е многу посветена кога станува збор за тренинзи...
Сопругот на Марија Микиќ ѝ ги објави најлошите фотки од галеријата во телефонот за да ѝ изрази љубов „Старееме, но никогаш нема да остариме. Ти си посебно посебна. Ти си пречисто и ...
Сопругот на Марија Микиќ ја покажа тетоважата од нејзиниот лик на своето рамо – парот ужива во Домин... Српската пејачка која роди две деца во период од две години, се врати во топ-фор...
Лепа Брена остава без здив во бикини на Тајланд со сопругот - згодна како млада девојка и на 64 годи... Додека закрепнува од повредата на ногата, Брена ужива на Тајланд, од каде повтор...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg