Србинка во инвалидска количка првпат се возеше на скутер на вода со дечкото: „По сите одбивања, ми се исполни желбата“
- Детали
- сабота, 19 август 2023
„Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам самата, што ми остави опција да седам напред или одзади. Балансот не ми е баш најдобар, а кога на тоа ќе се додаде фактот дека рацете ми се парализирани, опцијата да седам напред не доаѓаше предвид“ - вели Милица Кнежевиќ од Зрењанин, која е во инвалдиска количка од 2009 година.
Милица Кнежевиќ од Зрењанин е во инвалидска количка од 2009 година, кога доживеала сообраќајна незгода во која останала парализирана. Иако ѝ требало долго време да се навикне на новиот живот, таа сега живее со полни гради и кај своите следбеници на Инстаграм постојано шири позитива.
Откако лани првпат се соблече на плажа во бикини и го надмина стравот како ќе ја гледаат сите бидејќи е во инвалидска количка, Милица сега објави видео дека е на летувањет на грчкиот остров Тасос со својот дечко Драган.
Таа сподели неколку видеа – како ужива додека лежи на душек во морето, како е со инвалидската количка во песокот, а се пофали и дека првпат во животот се возела на скутер на вода. Оваа желба ја имала одамна, но никој не сакал да ѝ ја исполни „од страв или незнаење“, вели таа.
Младата девојка со своите објави инспирира, па овојпат им порача на сите да не се откажуваат од своите желби, бидејќи по многу одбивања, секогаш ќе се најде некој што ќе каже ДА.
„Никогаш претходно не сум пробала скутер на вода, така што не бев 100% сигурна дали е возможно да го возам, но испадна подобро од очекуваното.
Поради (не)функционирањето на моето тело, јасно е дека немаше шанси да возам самата, што ми остави опција да седам напред или одзади. Не знам колку може да се види на видеото, но балансот не ми е баш најдобар, а кога на тоа ќе се додаде фактот дека рацете ми се парализирани, опцијата да седам напред не доаѓаше предвид, бидејќи не би можела да се држам за рачките и однапред можев да претпоставам дека мојата глава ќе завршеше на скутерот.
Седењето одзади значеше дека ќе можам да се потпрам на Драган и да се држам за неговата половина, а добро затегнатиот елек ми помогна уште полесно да се држам.
На почетокот гледате 4 луѓе и Драган кои ми помагаат да се качам на скутерот поради неговото движење по водата, за да можам стабилно да седам во правилна положба и безбедно да го облечам елекот.
Ако возите првпат, ве советуваат да тргнете полека за да почувствувате колку силно треба да се држите и како ви се однесува телото при промена на брзините.
Инструкторите детално ни објаснија што е важно, но и каква е постапката ако случајно паднам од скутерот.
Не знам колкупати сакав да пробам некои активности (за кои апсолутно не ни мислев дека можам да ги направам), но луѓето беа тие кои веднаш ми велеа „Не“ или „Не може“, без да се обидат да разберат и да размислат дали јас би можела да го направам тоа малку поинаку од она што тие обично го прават и кои би биле разликите, ако постојат.
За среќа, овојпат имаше такви кои веднаш кажаа „Да видиме како може да се изведе“.
Милица, која на Инстаграм има преку 21.000 следбеници, сподели и видео за тоа кои грчки плажи имаат пристап за лица со инвалидска количка.
За потсетување, Милица во 2009 година доживеала сообраќајна незгода во која останала парализирана. Тој ден таа планирала да отиде во едно село покрај нејзиниот роден град Зрењанин за да го поддржи момчето на спортски натпревар и го замолила татко ѝ да ја пренесе.
За жал, тој дошол по неа од кафеана под дејство на алкохол и по само 10-минутно возење изгубил контрола над автомобилот. Тие удриле во заштитна ограда, излетале од патот и завршиле во канал. Двајцата преживеале, но по ова Милица никогаш повеќе не можела да оди.
И покрај тоа оваа храбра девојка одлучила да го продолжи животот и да ги надмине сите препреки. Таа патува постојано, а нејзините пријатели и дечкото ѝ помагаат да стигне и до потешко пристапни места.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело