„Те сакам Немања“ - Анастасија Ражнатовиќ, со Цеца во Атина, му е најголема поддршка на Гудељ, по промашен пенал
- Детали
- четврток, 17 август 2023
Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ минаа низ тешки мигови откако го изгубија бебето во 4-тиот месец од бременоста, но тоа ги направи само поцврсти. Парот е повљубен од кога било, а Анастасија уште еднаш го докажува тоа.
Анастасија Ражнатовиќ беше во Атина за да го бодри својот свршеник, фудбалерот Немања Гудељ. На трибините навиваше со својата мајка Цеца и со тетка ѝ Лидија, односно сестрата на Цеца.
Но, за жал, клубот „Sevilla“ изгуби, Немања Гудељ промаши пенал во натпреварот со „Мanchester City“ и не успеаја да го освојат европскиот Суперкуп.
Како најголема поддршка на Немања, Анастасија му се обрати по натпреварот преку Инстаграм:
„Некогаш победуваме, некогаш губиме, но секогаш се држиме заедно и ти си секогаш сјаен.
Фудбал... Некогаш е вака, некогаш така. Ова е само причина за да одиме понатаму, уште посилни.
Ти си засекогаш наш шампион, кој целото срце го остави на терен. Те сакам Немања!“
Анастасија му е најголема поддршка на својот сакан, со кој минаа низ тешки мигови откако го изгубија бебето во 4-тиот месец од бременоста. Парот изгледа поцврсто и повљубено од кога било.
С. С. | Црнобело