Ја чекаше да му раскине на дечкото, а сега ја бакнува пред цел свет: Ѕвездите на турската серија „Женкар“ разменуваат бакнежи на одмор (видео)
- Детали
- среда, 28 јуни 2023
Турските актери Афра Сарочолу и Мерт Рамазан Демир беа фотографирани како разменуваат бакнежи во вода, додека се заедно на одмор. Долго време се шират гласини дека тие двајца се во врска, па дека заради него актерката ја раскинала долгогодишната врска со Мерт Јазиџолу.
Афра и Мерт деновиве заедно се на одмор во Гочек, Турција, а папараците ги уловија како разменуваат бакнежи, само неколку месеци откако актерката стави крај на долгогодишната врска со Мерт Јазиџолу.
На гласините дека тие двајца се во врска, актерите најчесто одговараа дека се само добри пријатели и затоа се постојано заедно, но се чини дека конечно вистината е откриена.
На почетокот на годинава во турските медиуми почнаа да кружат написи дека актерката ставила крај на врската затоа што Јазиџолу бил љубоморен на односот што таа го има со колегата од серијата „Женкар“, Мерт Рамазан Демир.
Наводно, Афра и Мерт имале афера уште додека таа била во врска со поранешниот дечко, а близок пријател на Јазиџолу им се заканил дека „сите ќе дознаат што навистина прават тие двајца“.
По објавувањето на фотографиите на кои се гледа дека Афра и Мерт се бакнуваат во вода, на социјалните мрежи се разви вжештена дебата за тоа дека актерката го изневерувала дечкото со колегата, а по големиот број навреди упатени до неа, таа се закани дека ќе почне легална постапка против сите што ја навредуваат.
Прочитајте и Заради колегата раскинала со дечкото, гласини дека го одбила за брак – Факти за Афра Сарачолу, од турската серија „Женкар“
Погледнете го видеото што е објавено на Твитер:
Her defasında reddetmişlerdi! Afra Saraçoğlu ile Mert Ramazan Demir teknede öpüşürken görüntülendi! İşte o anlarhttps://t.co/NTK4A3dTDq pic.twitter.com/HOikNg5hv4
— tv100Magazin (@Tv100Magazin) June 23, 2023
Б. С. Б. | Црнобело/фото: sondakika