Турската актерка Демет Оздемир со смели фотки од плажа во Грција 1 месец по разводот со сопругот: „Нека види што загубил“

„Браво, покажи му на бившиот што загубил“ – ѝ порачуваат следбениците на убавата турска актерка Демет Оздемир, која сподели провокативни фотки од одморот во Грција, само еден месец откако најави дека се разведува со сопругот со кого беше 8 месеци во брак.

turskata-akterka-demet-ozdemir-so-smeli-fotki-od-plazha-vo-grcija-1-mesec-po-razvodot-so-soprugot-neka-vidi-shto-zagubil-01.jpg

Турската актерка Демет Оздемир, која игра во серијата Love Tactics на Нетфликс, деновиве е во фокусот на турските медиуми откако се разведе од сопругот Озхан Коч, а по завршувањето на работните обврски, со пријателките замина на одмор.

Минатиот месец Демет објави дека по само 8 месеци брак се разведува од сопругот, а причините, според дел од турските медиуми, биле заради расправија по нејзината роденденска забава.

turskata-akterka-demet-ozdemir-so-smeli-fotki-od-plazha-vo-grcija-1-mesec-po-razvodot-so-soprugot-neka-vidi-shto-zagubil-02.jpg

Наводно, актерката не сакала да слави роденден додека нејзината земја беше завиена во црно поради катастрофалните земјотреси, а тој сепак приредил забава, а потоа се однесувал недолично.

Прочитајте и Бившиот сопруг на Емина Јаховиќ ја направи славна, ѝ го украла дечкото на најдобра другарка – Што знаеме за турската актерка Демет Оздемир?

Убавата актерка, со цел да покаже дека воопшто не тагува заради завршениот брак, постојано објавува фотографии на кои се забавува, а сега ги изненади своите 15 милиони следбеници на Инстаграм со фотографии во бикини од одморот во Грција, за кои доби голем број позитивни коментари.

„Овој дезен не стои на секое тело, а ти си прекрасна“;

„Браво, покажи му на бившиот, нека види што загубил“;

„Убава си како сирена“ – порачуваат дел од нејзините следбеници.

Инаку, Демет веќе неколку денови престојува на островот Миконос во Грција, а оттаму редовно споделува фотографии.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бившиот ја преболи Северина (52): Игор Којиќ (37) ненадејно се ожени за 15 години помлада девојка Северина и Игор Којиќ беа 6 години во брак, а во тој период парот беше лудо вљуб...
Глумеше во серија која доби Еми награда: Каде е денес Дениз од „Кога лисјата паѓаат“? Убавата турска актерка ги освои срцата на нашата публиката со улогите во сериите...
Му предложила брак на сопругот, по 1 година се развеле – Што знаеме за турската актерка Гозде Џигаџи... „Фала Богу – се разведов!“ Ова беше првата изјава што турската актерка Гозде Џиг...
Опасни животни што живеат во плитките води во грчките мориња – на што треба да внимавате? Освен што треба да се пазите од виолетови медузи и дракони, треба да внимавате и...
Марија Шерифовиќ сподели нови фотки од синот Марио – На 9 месеци застанал на нозе, ја носи кошулата ... „Умирам за него, не можам да живеам без него“ – призна мајката на Марија Шерифов...
Ја посетувал кога Душко не бил дома, 11 години е помлад од неа – Сите детали за аферата што ѝ го уни... Јелена и Огњен две години имале афера која била „јавна тајна“, за која знаеле си...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg