На Србинка во бременоста ѝ бил дијагностициран рак: „Ме трогна ќерка ми кога ме погали по ќелавата глава“
Таа вели дека најголема сила за да истрпи во борбата со болеста црпела од љубовта кон децата. Кон ќерката Нија, но и кон синот Вук, кого воопшто не го видела во неговите први месеци од животот, а поддршката од сопругот ѝ била мошне важна.
„Секогаш ми навираат солзи кога зборувам за него, таа негова поддршка, што навистина, секоја жена ја нема, е многу важна – да ве сакаат и да ве поддржуваат и кога имате сив тен и сте без коса и премногу слаба, премногу дебела, крива, без разлика какви сте“ – вели таа.
Додека Настасија била во болница, каде ѝ била трансплантирана коскена срж, а потоа имала терапии со хемотерапија, за бебето Вук се грижела нејзината мајка.
Сопругот одел на работа, се грижел за ќерката Нија и секојдневно одел во болница да ја види сопругата.
Таа вели дека имала голем страв како ќерка ѝ ќе реагира кога првпат ќе ја види без коса, а се чувствувала охрабрено кога девојчето само дошло и ја помилувало по главата ѝ ѝ рекла дека има многу убава фризура. Според неа, ова бил миг кога почувствувала безусловна љубов.
„Пресадувањето коскена срж е само инфузија на твоите прочистени ќелии што ги примаш во вената и тоа е најлесен дел, борбата почна подоцна, затоа што имунитетот ти е рамен на нула, па секојпат кога ќе слушнеш лош резултат паѓаш... Јас си зацртав себеси дека ќе излезам здрава, дека ќе оздравам, но целиот тој процес е мачен, минуваат месеци и месеци, како да бев 10 години во таа болница.
Сега е лесно да зборувам за тоа, но сакам луѓето да знаат дека и јас имав некои лоши ситуации“ – вели таа.
Сега, Настасја вели дека води многу поголема грижа за себеси и за сопственото здравје, а на Инстаграм редовно споделува совети и ги мотивира луѓето што се борат со рак да не престанат да се борат.
„Често знам да кажам дека ракот е запирка, а не точка – таа реченица ја обожавам, затоа што покажува дека болеста може само да те сопне и да те натера да туркаш напред и да не се откажуваш.
Важна е самодисциплината затоа што нема да дојде само докторот, да ти вклучи инфузија и да те излечи“ – вели таа.
https://www.instagram.com/p/Cgug6klMaAv/
Б. С. Б. | Црнобело