„Проф. Д-р Јовица Угриновски кога го виде Давид, а и резултатот од магнетот, ни кажа дека станува збор за прогресивен малиген тумор кој мора веднаш да се оперира, дека главата му е полна со вода и дека е прашање на живот. Имаше две интервенции. Но, неколку часа по првата операција дојде до драстично влошување на ситуацијата...“, ја почнува Ана Домазетовска (41) од Битола емотивната приказна за животната битка на нејзиниот син Давид, кој го преживеал тоа на само 5 години и денес е 13-годишно момче, обожавано од родителите и своите 2 сестрички и едно братче.