Иван Јованов, вокалист на Либеро Бенд: „Најголем бакшиш ни е 7.000 евра, на настап ми имаат ставено ружи во боксерици“
Дали излегуваш кога немаш настапи? На чии настапи сакаш да одиш кај нас? Каков е ноќниот живот?
Излегувам многу често кога немам настапи. Ги почитувам македонските артисти, со сите артисти одлично соработувам и комуницирам.
Ноќниот живот во Македонија е секаде различен, доколку знаеш да допреш до публиката како артист и тука нема некоја голема филозофија, според мене со добро друштво можеш да си поминеш убаво каде и да си.
Како ја одржуваш формата на телото со динамичното темпо на живот? Кои се твоите рутини и правила до кои се држиш?
Рутината е следна: редовно одам на фитнес и играм фудбал со пријателите, искрено не внимавам многу на исхраната, но турбуленциите во животот ме научија дека морам да внимавам.
Си имал ли некоја непријатна/неочекувана случка со обожавател/ка?
На еден настап ми беше потегнат каишот од панталоните и со трн од ружа бев повреден бидејќи ружите завршија во моите боксерици.
Веруваш ли во љубов после неверство?
Љубовта секогаш постоела и ќе постои исто како и глумата. Толку.
А, во машко-женско пријателство?
Да затоа имам безброј пријатели.
Што е најлудото нешто што си го направил во име на љубовта?
Не правам луди работи, почитувам, ценам и правам компромис секогаш кога мислам дека треба.
Лекција која ја научи од минатите љубовни искуства?
Во животот секој ден е нова лекција. Нашата способност да учиме нови работи е тесно поврзана со љубовта која секогаш ја поразува суетата и нè прави подобри луѓе, луѓе со пошироко срце спремни да се пожртвуваат за својот ближен во секое време и да научат повеќе работи од оние кои се подобри од нив.
Каде се гледаш и што си посакуваш за себе во иднина?
Секој нов проект да е со повисок квалитет, како во аудио така и од визуелен аспект, припремаме вистинска БОМБА.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
М. М. | Црнобело