Тиа од Скопје, македонска убавица што нè направи горди пред светот: „Јужна Кореја е многу безбедна, ми годи титулата“

Титулата „Мис фотогеничност” за мене значи потврда на моите внатрешно уверувања за себеси и мило ми е што тоа е препознатливо и надвор од себе.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-58.jpeg

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-42.jpeg

Верувам дека ќе има многу настани на кои ќе учествувам, верувам и дека ќе постигнам поголеми успеси. Но, сега за сега и во наредните 4 месеци, фокусот ми е ставен на студиите, со што оваа година ми е последна на факултет.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-24.jpeg

Премногу сум среќна и што успеав паралелно со моите студии и моделинг активностите, да завршам уште една академија за моден дизајн, и повеќе од 10 различни курсеви и семинари во рок од две до три години.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-22.jpeg

2022 воедно беше фантастична година, не само од таа област, но и со можноста да се преродам како личност… Секогаш сум внимавала да бидам внатрешно здрава во своите мисли и дејства, па прво нешто кое го направив по мојот роденден беше токму тоа, отидов во Шпанија на проект за „mindfullness and inner peace“.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-05.jpeg

Тоа ме инспирираше да се вратам повторно по два месеци и да останам цело лето повторно таму. Најдов училиште за тинејџери и се пријавив како волонтер (заедно со мојот најдобар пријател) да успееме да им помогнеме и тие да го изразат нивниот целосен капацитет.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-13.jpeg

Беше креативно, успеавме да ги научиме многу за танцот, уметноста, но и внатрешниот спокој. А мислам дека најинтересниот дел од ова патешествие, беше тоа што запознав помладо девојче чија желба беше иста како мојата, да стане моден дизајнер.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-16.jpeg

Успеав да ја насочам колку што можев. Името со кое што сакам да ме препознаваат луѓето е Тиа, но личноста која сакам да ја видат во мене е автентичноста. Јас што и да правам, каде и да одам, во едно нешто ќе бидам многу сигурна: Ако сум среќна, значи дека сум на вистински пат.“

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-30.jpeg

Повеќе фотографии од Тиа на следната страна....


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg