Тиа од Скопје, македонска убавица што нè направи горди пред светот: „Јужна Кореја е многу безбедна, ми годи титулата“

Се запишав со огромна желба за студии по моден дизајн. Работев на проект преку факултетот и тие ми понудија целосна стипендија за целото мое студирање.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-44.jpeg

Кога отидов на интервјуто и им го однесов моето портфолио, за помалку од недела, добив изненаден одговор (позитивен). А кога станува збор за модел, тоа беше исполнување на сопственото ветување кое си го дадов на себеси уште кога бев дете дека еден ден, јас тоа ќе бидам.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-49.jpeg

Можеби и не е големо достигнување, но со сигурност е голема среќа и огромно внатрешно исполнување.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-51.jpeg

Во модното студио „Црнокрак”, сум неколку години, но претставување на држава во друга држава на сосем друг континент беше голем чекор за мене, но длабоко верував дека желбата во мене ќе ме води низ целиот тој процес.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-32.jpeg

Најважното беше што се чувствував премногу среќна… Запознав девојки кои ја претставуваа својата држава и од секоја од нив, можев да научам нешто, дали тоа било на професионален или приватен план.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-43.jpeg

Воедно, Сеул беше град кој навистина има што да покаже, Корејците, кои беа организатори, но и сите луѓе кои ги сретнавме, беа премногу внимателни и културни.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-20.jpeg

Притоа е премногу безбедно. Вечерта пред да заминеме назад кон Македонија, бевме на забава - и верувајте, Корејците навистина знаат како да направат забава, а притоа да бидат премногу внимателни и пристојни.

tia-od-skopje-makedonska-ubavica-shto-ne-napravi-gordi-pred-svetot-juzhna-koreja-e-mnogu-bezbedna-mi-godi-titulata-46.jpeg

Продолжува на следната страна....


Би можело да ве интересира:

Урбан лик: Ќазим Асотиќ од Скопје е кавалер од стар ков и маж со елегантен моден стил „Никогаш не излегувам од дома без часовник, машки голем прстен, вратоврска и мар...
Вирџинија од Скопје е девојка со уникатен моден стил – шарени стајлинзи, сина коса и нокти во сите б... „Косата ми е сина веќе 7 години и е ‘морето во мене’. Облекувањето за мене е заб...
Љубовната приказна на Јелена Спенџарска и Лукас: „Поради мене сакаше да се пресели во Скопје“ „Јас имав трема кога го запознавав со моите, тој беше опуштен. Си се спремаше, к...
Зоран Спасов - Ѕоф, урбан скопски лик: „Скопје не би било исто без шармот на оние кои денес имаат по... „Во 2012-та дома го прогласивме Тито за светец и секој 25-ти мај ја славиме слав...
Анжелика од Скопје за ракот на дојката: „Се изнаплакав кога ми кажаа, а потоа ги извадив двете гради... „Сама бев појдена на контрола и, искрено, не се сеќавам како стигнав до дома. Се...
Александра Радовиќ за CRNOBELO: „Се трудам да ја научам ќерка ми на вистинските вредности“ „Би сакала да пеам со Калиопи, таа е вонсериска пејачка. Се сретнавме пред некол...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg