Катерина Јовановиќ, Maкедонка што глумеше во турска серија: „Проблем беше турскиот јазик, но се запознав со моите идоли“
- Детали
- вторник, 22 ноември 2022
„До неодамна бев дел од снимањето на серијата „Балканска приказна“ која се снимаше само во Македонија, а се емитува во Турција. Беше преубаво искуство, земајќи го предвид тоа што ја имав шансата да се запознаам со актери, кои ми биле големи идоли како мала, па и ми се до ден денес“, споделува Катерина Јовановиќ (21) за CRNOBELO.com.
Катерина Јовановиќ (21) е студент на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Но, покрај со глума се занимава и со музика.
Таа иако уште е на студии имаше одлична можност да види како работат големите турски продукции.
Катерина имаше улога во серијата „Балканска приказна“. Станува збор за турска серија, која се снимаше во Македонија и го привлече вниманието на јавноста.
За своето искуство Катерина Јовановиќ говори за CRNOBELO.com:
„Моето професионално искуство пред камера започна во 2021 година кога за првпат играв во филмот „Perhaps“ на режисерот Кастриот Абдули заедно со повеќе актерски имиња како Арбен Бајрактари, Висар Вишка, Исмаил Касуми, Фиторе Мифтари итн.
На филмот работеше исклучително професионална, дисциплинирана, а воедно и многу забавна екипа, благодарение на која соработката беше моја чест и прекрасно искуство.
Во 2022 година, поточно до пред еден месец, бев дел од снимањето на серијата „Балканска приказна“ која се снимаше само во Македонија, а се емитува во Турција.
Пред сè, тоа за мене претставуваше преубаво искуство, земајќи го предвид тоа што ја имав шансата да се запознаам со актери, кои ми биле големи идоли како мала, па и ми се до ден денес.
Ја играв улогата на младата Нина, која живее во сеќавањата на еден од главните ликови (Erdal Özyağcılar).