ТВ серијата „Балканска приказна” со нова епизода од Битола и мариовско Маково - актерите ја посетија куќата каде се снимаше „Збогум Румелија“

Ердал Озјаџилар како еден од главните протагонисти во новата турска серија “Балканска приказна” којашто веќе подолго време се снима во Скопје и Сердар Акар режисер на серијата, деновиве се во посета на Битола, градот каде пред точно 13 години се снимаше една од најуспешните серии во турска продукција „Збогум Румелија”, овој пат работејќи на новата епизода од „Балканска приказна”.

tv-serijata-balkanska-prikazna-so-nova-epizoda-od-bitola-i-mariovsko-makovo-erdal-ozjadzhilar-i-serdar-akar-ja-posetija-kukjata-kade-se-snimashe-zbogum-rumelija-01.jpg

Озјаџилар кој во „Балканска приказна” го глуми ликот на ќофтеџи Сулејман, е препознатлив во Македонија и Балканот по успешно доловената улога на млекарот Рамиз во серијата „Збогум Румелија”, снимена во периодот од 2007 до 2009 година во Битола, Охрид и мариовските села Маково, Орле и Ореово. „Збогум Румелија” е серија која на гледачите им раскажуваше приказна од периодот на 1899 година, кога Отоманската империја ја губи својата надмоќ на Балканот. “Балканска приказна” пак обработува дејствие од денешно време, за две семејства од две различни националности и невозможната љубов која ќе се развие меѓу Ертан (Турчин) и Јованка (Македонка) како главни протагонисти во оваа серија.

„Дојдовме во Битола да ја снимиме новата епизода на Балканска приказна. Заедно со нашиот режисер Сердар Акар ги посетивме местата каде што работевме пред 13 години и куќата во која се снимаше „Збогум Румелија”. Имавме доста емотивни моменти. Во таа серија големо внимание привлече млекарот Рамиз. Овој пат во Битола дојдов како ќофтеџи Сулејман. Многу ми се допаѓа Битола и ми недостигаше. После многу години, ги посетивме Битола, Маково, места во кои навраќајќи се на старите убави денови поминати овде сфатив колку ми недостигаат и колку сум среќен што деновиве сум во Битола,“ вели Ердал Озјаџилар по посетата на Битола.

tv-serijata-balkanska-prikazna-so-nova-epizoda-od-bitola-i-mariovsko-makovo-erdal-ozjadzhilar-i-serdar-akar-ja-posetija-kukjata-kade-se-snimashe-zbogum-rumelija-02.jpg

Режисерот на серијата Сердар Акар пак од неодамна изјави дека најубавите години од неговиот живот ги поминал токму овде во Македонија пред точно 13 години успешно носејќи се со режисерското столче на „Збогум Румелија” и за него е задоволство повторно да работи на голем проект во Македонија.

Како дел од актерската екипа во серијата „Збогум Румелија” којашто за кратко време ги сруши рекордите и стана хит во Турција се и македонските актерски имиња Сузан Акбелге и Ерман Шабан, сега играјќи ги улогите на Елена и Зафер во серијата “Балканска приказна”.

tv-serijata-balkanska-prikazna-so-nova-epizoda-od-bitola-i-mariovsko-makovo-erdal-ozjadzhilar-i-serdar-akar-ja-posetija-kukjata-kade-se-snimashe-zbogum-rumelija-03.jpg

Мајсторските имиња Ердал Озјаџилар и Озлем Туркад ги делат главните улоги во серијата со Емре Беј и Мерих Озтурк, заедно со актерскиот тим составен од Хакан Бојав, Сузан Акбелге, Џан Колукиса, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чиаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Халил, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Ерман Шабан, Џенап Самет и Бену Шахин. Сценариото е напишано од Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамид Ишик и Есма Коч. Продуценти се Јалчин Ари и Угур Узунок, режијата е на Сердар Акар и Селахатин Санџакли, а линиски продуцент на серијата е Богдан Јончевски и локален партнер Сити Стар Продукција.

Серијата „Балканска приказна“ се прикажува на Турската национална телевизија ТРТ 1, а во вторник, 23 август во 20:00 часот, љубителите на оваа серија ќе може да ја проследат 9-тата епизода којашто изминатите денови се снимаше во Битола.

Погледнете го тизерот во продолжение:

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg